Монументален ЕКСПО 2020 во Дубаи

Дрво кое свети го зазеде централното место за време на церемонијата на отворање на Експо 2020 во Дубаи на 30 септември. Изложбата беше одложена за една година поради пандемијата на коронавирусот и е најголемиот ваков настан во светот од почетокот на пандемијата.

Посетителите во традиционална облека одат кон Павилјонот за одржливост.

Повеќе од 190 земји учествуваат на изложбата, која ги прикажува културните и технолошките случувања на одделни земји под широките, донекаде нејасни, теми за „можност, мобилност и одржливост“.

Павилјонот во Иран, со стотици топки направени од иста материјал што се користел како градежен материјал во некои региони на оваа блискоисточна земја. Посетителите можат да пробаат ткаење теписи и да ги вкусат традиционалните билни чаеви.

Две големи кукли во ивискиот павилјон.

Посетители шетаат низ централниот плоштад на Експо на 1 октомври.

Романскиот павилјон, чија тема е поврзаноста помеѓу дигиталната технологија и природата.

 

Поглед на романскиот павилјон, кој има огромен LCD екран (видлив десно).

Казахстанки во традиционална облека позираат.

Рускиот павилјон, каде што посетителите можат да „слушнат приказни за научното и културното наследство на Русија, внимателно сочувани во текот на минатите векови“.

Посетител ги вади чевлите за да оди по централната „водена завеса“.

Белорускиот павилјон, кој има голем акцент врз државната индустрија. Презентациите ја прикажуваат прехранбената компанија „Belgospishcheprom“ и го прикажуваат „потенцијалот за извоз на петрохемиската индустрија на Република Белорусија“.

Посетители чекаат за да влезат во српскиот павилјон. Таму има и изложба базирана врз  античката цивилизација во Винча, која се наоѓаше на територијата на денешна Србија пред неколку илјади години.

Вештачко езеро поставено за промоцијата на Експо. Обединетите Арапски Емирати потрошија околу 7 милијарди долари за настанот, а очекуваат околу 25 милиони луѓе да го посетат пред да се затвори во март 2022 година.

Иако е наведен како учесник на Експо, авганистанскиот павилјон стои празен и нецелосен. Не е јасно дали новите талибански владетели во земјата ќе испратат делегација во Дубаи.

Реплика на користена ракета SpaceX Falcon 9 е белег на американскиот павилјон. На американската изложба ќе има и копија од Куранот што некогаш му припаѓаше на поранешниот претседател Томас Џеферсон.

Павилјоните на Пакистан (лево) и на Бахреин. Околу 8.000 луѓе ја посетија изложбата на Пакистан на првиот ден од Експо.

Британскиот павилјон на Експо. Структурата создава нова „песна“ секоја минута користејќи вештачка интелигенција. Зборовите на секоја песна доаѓаат од посетители од кои се бара да „донираат“ збор во микрофон кога ќе влезат во павилјонот.

Влезот во украинскиот павилјон. На посетителите на павилјонот им е претставено поле создадено од „вистински зрна нано-пченица“ и дигитална пченица, за што дизајнерите тврдат дека „симболично го покажува движењето на Украина во иднината во хармонија со природата и технолошкиот напредок“.

Целото изложбено место наводно е двојно поголемо од Монако.