Модни маски во ерата на коронавирусот
Модниот дизајнер Фрајдерике Јорциг прилагодува маска за венчаници во нејзината берлинска продавница.
Маски за лице покриени со кристали од дизајнерката Самја ал-Закле во нејзината продавница во Аман, Jордан.
Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, носеше маска за лице кога го пречека премиерот Игор Матович на неговата инаугурација во Братислава на 21 март.
Жена покажува заштитна маска за лице дизајнирана од хрватскиот дизајнер Зоран Араговиќ во неговиот карактеристичен поп-арт стил во Загреб на 3 март.
Кукла со маска за лице со дезен како на шамијата што ја носат Палестинците како симбол на нивната борба. Оваа маска беше прикажана во кампот за бегалци Бурџ ал-Бараџнех, Либан.
Германската манекенка Франциска носи маска со порака која беше скроена во продавницата „Пиа Болт Стил“ во Минхен, Германија.
Зелена маска за лице на дизајнерите на облека Сталина Свиејковски и Нелсон Хименез во Сан Антонио де лос Алтос, Венецуела
Тајландскиот будистички свештеник Фра Кру Палад Ситиват држи маска за лице испишана со духовни пораки во покраината Након Патом во Тајланд, на 29 март.
Алан Гордон носи панда маска, додека оди да купува храна во Вашингтон, на 1 април.
Маска за лице во продавница за медицински материјали во Мексико Сити на 28 февруари.
Ученици од училиштето Хулио Цезар Турбај во Колумбија носат маски за лице што ги направија од рециклирачки и биоразградливи материјали. Тие ги користат за заштита, но и да протестираат против недостаток на маски во градските аптеки.
Полициски службеници во Кали, Колумбија на 20 март
Маж носи заштитна маска за лице во Манила, Филипини на 4 февруари.
Волонтер им доставува храна на семејствата со ниски приходи во градот Панама на 1 април.
Осумгодишниот Панџи со маска за лице, Џакарта, Индонезија на 2 април.