Застапеност на младите на кандидатските листи за локалните избори

Само 2,99 % од кандидатите за градоначалници се млади (18-29).

Највисок процент на млади (18-29) во советничките листи на Движењето Беса, ДУИ и Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Најголем број на млади (18-29) во советничките листи на коалициите предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и во независните листи.

52 % од младите кандидати (18-29) за Советите на општините се на првите 10 позиции.

26 % од кандидатите за Советите на општините се млади (18-29).

12 % од носителите за советничките листи за општините се млади (18-29).

Највисок процент на млади (18-29) во советничките листи во полошкиот регион, а најнизок во скопскиот.

Најголем број на млади (18-29) во советничките листи во скопскиот регион, а најмал во источниот.

Најголем број на млади (18-29) во советничките листи за Град Скопје, Куманово, Гостивар, Битола и Тетово.