Млади пионери повторно на Црвениот плоштад во Москва

Руски деца маршираа на Црвениот плоштад во Москва. Околу 5000 ученици, станаа пионери, традиција од времето на Советскиот Сојуз и комунизмот.

Церемонија на пионери од 1977 во Уљановск. Членовите на пионерските здруженија се обрзуваа да го градат комунизмот, да работат за татковината и да бидат нејзини бранители.

Лидерот на Комунистичката партија Генади Зјуганов им става црвени марами на пионерите во Москва. 22.05.2022

Девојчиња танцуваат на церемонијата на Црвениот плоштад во Москва, на која се одбележуваше и 100 годишнината од основањето на организацијата Млади пионери.

Деца маршираат на плоштадот пред Кремљ.
Иницијативата на Комунистичката партија доаѓа во време кога децата низ училиштата се наведувани да и даваат подршка на руската инвазија во Украина, честопати и без знаење на родителите.

Деца од Подолск, град јужно од Москва, со парола: Секогаш подготвени.
 

Ученици со пионерски поздрав на Црвениот плоштад во Москва, 22.05.2022
 

Момче носи знаме во комунистички стил. Критичарите на Кремљ велат дека ревитализацијата на вакви младински здруженија има долгорочна цел да создава нова генерација на војници.

Воен ветеран им честита на децата пионери во Москва, под знамето со Ленин.
Аналитичари оценуваат и дека зачленувањето на децата во вакви организации е со цел да бидат ставени под контрола на државата.

Церемонијата на пионерите на Црвениот плоштад во Москва, 22.05.2022T

На 22-ри мај, на Црвениот плоштад во Москва се одржа церемонија на млади пионери, манифестација карактеристична за времето на комунизмот и Советскиот Сојуз. Критичарите на Кремљ сметаат дека станува збор за нова индоктринација на децата и младите во Русија.