Млади од Македонија во битка со глобалните еко проблеми

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Помеѓу „баш ми е гајле“ и решението на глобалната еко криза постојат бројни групи на еко активисти кои се борат да стигнат од проблемот до решението. Дел од нив тоа го прават од македонска адреса, а некои наши дечки и од странска, со надеж дека утре ќе можат да помогнат дома. Секој му приоѓа на проблемот на свој начин, а сите имаат иста цел- да се решат еко проблемите кои влијаат на секој жител на планетава.