Мирен изборен ден со помали неправилности

Претседателски избори 2019 - Гласање во вториот круг

Излезноста до 15 часот во вториот круг е 30, 34 отсто што е нешто повисока од првиот круг во тоа време, кога беше 28,20 отсто. Набљудувачите оценуваат дека гласањето е мирно, а нотираат и помали нерегуларности.

Излезноста до 15 часот, според податоците на ДИК, е 30, 34 процентии, а тоа се податоци од обработени 95, 67 од гласачките места. Во првиот круг пак излезноста до 15 часот била 28, 20 отсто.

Најголема излезност има во Македонски Брод 49, 45 проценти, потоа во Крива Паланка 53, 61 отсто, во Демир Капија гласале 49, 17 отсто од гласачите, во Демир Хисар 48,09 отсто.

Најниска излезност има Желино каде гласале 9, 03 отсто, во Боговиње 10, 49 проценти, во Центар Жупа 11, 96 проценти.

Излезноста на изборите за градоначалници покажуваат дека во Ново Село гласале 33,78 проценти, а во Охрид 35,1 проценети од гласачите.

На претходната прес конференција на новинарски прашања за информации од една политичка партија дека имало нерегуларности на неколку избирачки места во Источна Македонија, од ДИК одговорија дека досега нема пријавено неправилности до нив.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Граѓаните избираат претседател на државата

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски изјави дека во текот на денешното гласање од вториот круг на претседателските избори, до 12 часот, нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир.

„Гласањето се одвива мирно и без проблеми“ , изјави тој на денешната прес конференција.

МВР апелира граѓаните и во преостанатиот дел од денот, на мирен и достоинствен начин, да го искористат своето гласачко право.

Јавниот обвинител Џелал Бајрами, претседател на Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со изборите, денеска изјави дека во сите обвинителства во земјата се поставени дополнителни дежурни обвинители, во случај ако треба да постапуваат при евентуални изборни нерегуларности. Бајрами очекува и денешниот изборен ден да помине во позитивна атмосфера, без речиси ниту една поднесена кривична пријава и постапување од страна на надлежните.

Видете и ова: Атмосферата на избирачките места

Оценки на набљудувачите

Шефицата на ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер, по посетата на гласачкото место во населба Драчево изјави дека од ОБСЕ се свесни за цензусот од 40 отсто што треба да се исполни за овие избори да бидат валидни. За таа цел ОДИХР повеќепати во минатото даде препорака овој цензус да се тргне, изјави Јонкер.

Таа рече дека 170 набљудувачи се распоредени денеска низ земјава, и оти Мисијата е тука за да види дали изборите се спроведуваат согласно меѓународните стандарди за избори.

„Самиот ден на изборите е врвот на ледениот брег, ќе треба да чекаме
до крајот на денот за крајна оценка“, рече Јонкер.

Меѓународните набљудувачи на претседателските избори во земјава ќе ги соопштат првичните наоди и заклучоци за вториот круг од изборите утре на прес-конференција

Гласањето се одвива во мирна атмосфера и досега забележавме две изолирани неправилности на гласачки места во Штип и во Кратово, соопштија од граѓанската асоцијација МОСТ.

МОСТ го следи гласањето со повеќе од 1.500 набљудувачи, распоредени на 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок.

Од Цивил – центарот за слобода нотираат дека имало прекршување на изборниот молк и помали пропусти и нерегуларности за време на гласањето во вториот круг. Тие нотирале организиран превоз на гласачи, недостапност за лицата со попреченост, лица кои давале насоки за гласање…

Мониторингот на ЦИВИЛ го спроведуваат 160 акредитирани набљудувачи, коисе мобилни и распоредени низ целата земја. Тие, во текот на изборниот ден ќе посетат меѓу 1.300 и 1.600 избирачки места во земјата.