Мечување во Македонија - Следете го срцето, а не коментарите на околината

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Средношколецот Петар Србиноски одлучил да ги занемари реакциите на оние кои се чудат кога ќе слушнат дека тој тренира мечување. Не се надева дека еден ден хобито би можело да му стане професија, но сака да ги инспирира младите да си го следат срцето и да уживаат во омиленото хоби. Можеби овој спорт не е толку прочуен во Македонија, но тренерите велат дека интересот сè повеќе расте.