МВР потврди дека во полициската акција вечерва биле приведени две лица поврзани со пукањето во Александар Палас пред два дена, но без да открие повеќе детали.
„Изминатото деноноќие полицијата презеде оперативно такитчки активности со цел расветлување на настанот во Александар Палас. Проведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени“, велат од МВР.
Во саботата, околу полноќ три лица пукале во лица кои седеле во хотелот Александар Палас, при што интервенирал полициски службеник, пукајќи кон нив, а кој во тоа време не бил на должност. Во инцидентот немаше повредени.