Матуранти - „Не е крајот што го очекувавме“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Матурантите месецов требаше да ја имаат матурската прослава. Меѓутоа, заради епидемијата од коронавирусот, ниту ќе имаат прослава, ниту ќе полагаат државна матура. Разговаравме со тројца матуранти од СУГС „Орце Николов“ – Стефан Митиќ, Благоја Насковски и Мила Здравсковска. Тројцата жалат што ќе немаат последна поголема дружба како генерација или клас. Веќе од есен, според плановите, Митиќ ќе студира во Абу Даби, Здравковска на Филозофскиот факултет, а Насковски размислува за студии меѓу економија и право.