Масовна тепачка во парламентот на Ерменија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

За време на седницата на парламентот на Ерменија, членовите на опозицијата почнаа да фрлаат шишиња вода врз говорник од партијата Граѓански договор на премиерот Никол Пашинијан. Инцидентот предизвика тепачка, принудувајќи го претседателот на парламентот да ја прекине седницата и да повика обезбедување. Ерменија останува длабоко поделена по минатогодишниот пораз во војната со Азербејџан за контрола на Нагорно-Карабах.