Маскирани руски војници се подготвуваат за парада

Маскирани руски војници возат оклопни возила во Екатеринбург за време на пробите на парадата на Денот на победата на 14 април. 

Руски војник во заштитна маска излегува од воено возило за време на пробата за годишните прослави на Денот на победата. На настанот во Екатеринбург се очекува да има 13 авиони и девет хеликоптери.

Борбени тенкови Т-34 во Екатеринбург за време на пробите за прослави што ќе ја одбележат 75-годишнината од победата на сојузниците во Втората светска војна. Настанот беше најавен за 9 мај.

Лесно оклопно возило од ерата на Втората светска војна. Во февруари, министерот за одбрана Сергеј Шојгу објави дека на парадата на Црвениот плоштад ќе учествуваат 15.000 војници и 375 воени возила и авиони.

Момчињата ја гледаат пробата на воена парада во Екатеринбург на 14 април.

Ракетениот систем „земја-воздух“ Бук-М2 учествува на пробата.

Министерството за одбрана соопшти дека војниците биле проверерени дали имаат температурата за да се обезбеди нивната безбедност.

Руските војници возат хаубици во Екатеринбург. Властите размислуваа да одржат церемонија за Денот на победата без ветерани.

Воени лица во пешадиско возило БМП-3. Денот на победата е важен празник на календарот на Русија, а се поканети и светск лидери. Францускиот претседател Емануел Макрон и премиерот на Индија Нарендра Моди ветија дека ќе присуствуваат на годинешната прослава.

Војник гледа од возило БМП-3. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека не е донесена одлука дали да се одложат прославите на Денот на победата, но и дека властите разгледувале други „опции“. 

Маскиран војник гледа како поминува пешадиско возило од типот БМП-3.

Тенкови од типот Т-72Б3 се приклучуваат на подготовките за парадата. Пробите се закажани и за 5 и 7 мај во Екатеринбург.