Мариупол: Пред и потоа
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Снимките доловуваат контрастни слики од градот Мариупол пред и по 24 февруари 2022 година, кога Русија ја започна својата воена инвазија врз Украина. Некогаш живото индустриско пристаниште оттогаш стана симбол на целосно и неселективно уништување нанесено од руското бомбардирање, кое ги принуди жителите да се кријат речиси два месеца во подрумите на станбените згради и фабриките без вода, струја или греење. Последните бранители на Мариупол се предадоа на 16 мај. Не е познат точниот број на цивилни жртви, со проценки во илјадници. Се смета дека многу тела останале под урнатините.