Сите странци кои ќе останат без работа поради ситуацијата со коронавирусот мора да ја напуштат Малта. Приоритет на Владата на Малта е во време на криза да ги заштити работните места на своите државјани и сите странци кои ќе добијат отказ или останат без работа, ќе бидат депопртирани, најави министерот за економија Силвио Шембри, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека во тек се разговори со Министерството за внатрешни работи во врска со оваа одлука. Шембри истакна и дека економијата на Малта нема веднаш да заздрави по завршувањето на епидемијата со новиот коронавирус.
Во Малта последниве години живеат и работат неколку илјади македонски државјани.