Малиот македонски тенисер со големи, светски цели
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Десетгодишниот тенисер Марко Алексовски од светски славните тенисери го делат години искуство, медали, турнири... Но, тој веќе тргнал да го остварува својот детски сон. Актуелниот носител на титулата - државен првак во категорија до 12 години, вели дека нема намера да намали на посветеност и дисциплина. Напротив, со самодоверба ветува дека ќе остане фокусиран на својата цел, следејќи го својот идол, Рафаел Надал, а учејќи од неговиот тренер, искусниот Предраг Русевски.