Македонецот кој помина три континети со марионети во рака

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ретко кој прошетал низ центарот на Скопје кога времето е убаво, а да не го сретнал Валентин и неговата екипа музички марионети со име „Valentino’s jazz puppets“. Низ баскерската кариера го виделе и слушнале и во Амстердам, Верона и насекаде низ Европа. Стигнал и до Јапонија, а останал 20 години на американска адреса. Сега е повторно во Македонија, ограничен во патувањата поради пандемијата, но со неограничено голема желба да настапува и да ужива во својата уметничка и човечка слобода.