Во текот на изминатово деноноќие, на територијата на државата полицијата регистрирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка, при што 63 лица биле приведени во полициска станица, а 31 лице биле опоменати, покажува последната статистика на МВР.
Вчера биле евидентирани и 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои на граничните премини потпишале изјави за самоизолација. Извршени се и 61 контрола во угостителски и други објекти и утврдено е дека само во еден случај не се почитувале препораките и мерките на Владата, информира МВР.