Лидерот на албанската опозиција Сали Бериша нападнат на протестот во Тирана

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Лидерот на албанските демократи Сали Бериша денеска беше нападнат за време на протестот во Тирана, каде што се одржува самитот ЕУ-Западен Балкан. Бериша беше удрен со бокс во лице, од 25-годишен маж, кој присутните, го оттргна и го претепа, по што бил пренесен во болница. Бериша, иако беше удрен во лицето, излезе на говорницата и ги поздрави учесниците велејќи „ништо на светот нема да ги порази народот и опозицијата“.