Поради самите теми, одамна се знаеше дека разговорите кои започнаа во Глазгов се тешки, но двонеделниот самит беше под дополнителен притисок поради коронавирусот, економската криза што ја предизвика пандемијата и најновите светски енергетски проблеми.
Има неколку главни теми со кои се занимаваат учесниците на самитот во Глазгов. Првата е ветувањето на богатите земји дека ќе издвојуваат 100 милијарди долари годишно за сиромашните земји за да можат да се справат со климатските промени.
Бајден - Kлиматските промени веќе го уништуваат светот
Богатите не го исполнија тоа ветување во 2020 година, а проценките покажуваат дека и во 2019 година сиромашните земји добиле нешто помалку од 80 милијарди долари.
Видете и ова: Климатските промени водат кон конфликти во светотНеисполнувањето на ветувањата на богатите за прв пат од 2009 година предизвика длабоко незадоволство и недоверба кај сиромашните земји, а некои се заканија дека ќе ги блокираат сите договори додека тоа ветување не се исполни.
Нема договорена формула колку една развиена земја треба да придонесе во сумата од 100 милијарди или како.
Меѓутоа, Светскиот институт за ресурси во Вашингтон пресметал дека само неколку богати земји, вклучувајќи ги Франција, Јапонија, Норвешка, Германија и Шведска, дале суми што може да се наречат фер, додека САД, Австралија и Канада не го исполниле нивниот удел.
Едно од предложените решенија што ќе се најде на дневен ред во Глазгов е да се исплати договорената сума од 100 милијарди од 2021 до 2025 година, а сумата што не била подмирена во претходните години да се компензира подоцна.
Путин: температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек
Исто така, се очекува неразвиените земји да извршат притисок на самитот да искористуваат половина од тие ветени пари за проекти за адаптација на климатските промени. Во моментов најголемиот дел од сумата оди за намалување на штетните емисии.
Посиромашните земји исто така инсистираат дека е време да се разговара за тоа кој ќе ја плати штетата што ја имаат од подигнувањето на нивото на морињата и екстремните временски настани.
Видете и ова: Дали воопшто е возможна борба против климатските промени?Друга важна тема на самитот е прашањето што не беше решено на климатскиот самит во Париз во 2015 година, а тоа е прашањето на правилата за глобалната трговија на јаглерод, која се смета за еден од клучните инструменти за ангажирање на играчите на пазарот во борбата против климатските промени.
Преговорите во Мадрид пред две години не успеаја да ги финализираат тие правила утврдени во Парискиот договор за климата, па преговарачите ќе се обидат тоа да го сторат во Глазгов.
На едната страна од масата ќе бидат богатите земји кои бараат построги правила за да спречат безвредни ваучери за тргувањето со јаглерод диоксид да го преплават пазарот, а на другата страна помалку развиените земји кои инсистираат на признавање на претходните дозволи за масовно производство.
Важно прашање на самитот ќе биде транспарентноста во борбата против климатските промени, бидејќи принципот на доброволни климатски договори од Париз ги наведе земјите внимателно да погледнат што прават другите земји и каков напредок е постигнат пред да одлучат да постават поамбициозни климатски цели.
Климатските промени ги намалија приносите и ги зголемија цените на производите
Поврзани со ова прашање се временските рамки за поставување на нови цели за намалување на загадувањето. Постојните договори бараат од развиените земји да го прават тоа на секои пет години; тие ја подигнуваат границата на климатските цели, а некои земји бараат така да биде секоја година, барем додека светот не се најде на добар пат да ги исполни климатските цели од Париз.
Видете и ова: Стакленичките гасови лани на рекордно ниво и покрај затворањето поради пандемијатаНа самитот во Глазгов ќе се разговара и за метанот, гас кој е главна компонента на природниот гас и нуспроизвод на одредени земјоделски активности, а кој не беше предмет на претходните преговори. Метанот е исто така стакленички гас и делува околу дваесет пати посилно од јаглерод диоксидот, но опстојува во атмосферата околу една деценија.
Мало, но забележливо подобрување во борбата против штетните емисии би се постигнало со спречување на истекување на метан од гасоводите и од полињата за експлоатација на природен гас.
Конечно, на масата во Глазгов ќе има предлог за намалување на штетните емисии за 45% до 2030 година во однос на нивото од 2010 година. Не се работи за тема за која ќе се преговара, туку за предлог по чие усвојување самитот на ОН ќе може да се нарече успешен.
Извештајот на ОН за климатските промени- црвен сигнал за човештвото
Експертите сметаат дека преполовувањето на емисиите во следната деценија е клучен предуслов за постигнување нула емисии до 2050 година, што, според науката, е единствениот начин да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени до крајот на векот, што е според Парискиот договор.
Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени се смета за клучен обид да се принуди светот да излезе со конкретни планови за одржување на порастот на температурата до максимум 1,5 степени.
Како и да е, учесниците на Светскиот климатски самит повторно ќе се соочат со старото прашање – дали светот може да се обедини и да се соочи со глобалното затоплување како заеднички непријател, пред да биде предоцна.
Стотици климатски активисти од целиот свет се во Глазгов, а се очекува да ги има илјадници, за да извршат притисок врз светските лидери да работат за спас на климата.