Со денови јавноста во Македонија е вознемирена од дојавите за бомби во училишта, институции, трговски центри, станбени згради. Премиерот Ковачевски изјави дека е невозможно да се открие од каде доаѓаат заканите и оти станува збор за хибридна војна. Аналитичари оценуваат дека целта е дестабилизација.
Видете и ова: Лажните дојави за бомби доаѓаат од моќен центарУчениците, влези, излези од часовите, а Министерството за образование смета дека испуштената настава треба да се надополни, но не кажува како.
Цвета бизнисот со увоз на струја
Додека јавноста е преокупирана со лажните бомби, трговците со струја инкасираат огромни суми. За еден месец, Македонија увезе струја во вредност од 40 милиони евра. Да работеа сите капацитети за производство на струја, ќе немаше потреба од увоз.
Но, кој се офајди?
Бизнисот со струја стана „мода“ и меѓу блиски на функционери, колку да се инвестира некаде од заштедата.
Трговците, не само со струја, туку и со прехранбени производи, бележат профити, а сите останати граѓани плаќаат и осиромашуваат.
Видете и ова: Храната на берзите поевтинува, во Македонија цените растатИнфлацијата во Македонија достигнува скоро 20 отсто, највисока во регионот, а според економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ, главна причина е што алчните трговци ја искористија ситуацијата со војната во Украина и неоправдано ги кренаа цените, пред се, на храната.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Кај македонските власти има загриженост за ситуацијата на Косово, но, проценките се дека засега нема потреба по прашањето да заседава Советот за безбедност.
Видете и ова: Ескобар за РСЕ: САД категорично го отфрлаат враќањето на српските сили на КосовоИвана Страднер, научен соработник во Фондацијата за одбрана на демократијата во Вашингтон, за РСЕ оценува дека ситуацијата на северот на Косово, за разлика од порано, може да ескалира поради дополнителни провокации, како од Белград, така и поради руското влијание.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Црна Гора меѓу ЕУ, Србија и Русија - кризата се продлабочува
Во Црна Гора протестираше опозицијата, имаше и „блиски средби со полицијата“, како одраз на длабоката политичка криза меѓу прозападните и просрпските и проруските партии во оваа членка на НАТО.
Протестот се одржа додека пратениците во зградата на парламентот гласаа за одземање на одлучувачката улога на прозападниот претседател на земјата во назначувањето премиер.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Бидете храбри и умерено самокритични
Ова е пораката на младата актерка Нина Елзесер, која вели дека ужива работејќи на претстави на независната сцена. Во моментов не цели кон матичен театар и вработување, но како што вели, секогаш цели кон чување на детето во себе и порачува дека актерите никогаш не смеат да бидат ставени во рамка.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Денеска е денот да си кажеме што ни лежи на душа
Прегледите на нивните видеа се бројат во милиони, а настапуваат и преку граница. Сепак, траперите од „2 Бона“ велат дека иако чувствуваат голема поддршка од фановите, онаа од домашните медиуми ја нема.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5