КФОР денес испорача опрема за лична заштита од Ковид-19 во општините Северна и Јужна Митровица, соопшти НАТО.
Помошта што ја достави полковник Ерик Рајли, регионалниот командант на КФОР, кој е предводен од САД, придружуван од неговиот медицински персонал, се состои од 4000 нестерилни нараквици, 200 стерилни ракавици, 20 кутии со маски за лице N95, 350 маски за лице за пациенти, 100 пациентски наметки, санитализатори и други медицински материјали. Помошта им беше предадена на градоначалникот на Северна Митровица, Горан Ракиќ, и градоначалникот на Јужна Митровица, Агим Бахтири.
„Регионалната-команда на КФОР е со нашите НАТО партнери и со сите оние кои се погодени од кризата. Ние преземаме мерки на претпазливост да го спречиме ширењето на КОВИД-19 и ја продолжуваме нашата мисија да обезбедиме безбедно опкружување за луѓето во Косово, во согласност со мандатот на КФОР, засновано врз Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации“, рече полковникот Рајли.