Културата во светот во време на ковид-19
Жена стримува дела од рускиот сликар Илја Репин во музеј во Екатеринбург на 16 мај.
Проекција на ирански филм на луѓе во автомобили во Техеран на 3 мај.
Православен свештеник благословува велигденски колачи и јајца додека одржува растојание од една постара двојка во село во близина на Киев на 19 април.
Пејач пред станбен блок за време на карантинот во Драч, Албанија, на 7 април.
Маскирани киргистански војници ги поздравуваат ветераните од Втората светска војна пред станбен блок во Бишкек за време на прославата на 75-годишнината од победата над нацистичка Германија на 9 мај.
Грузиец носи маска што одговара на неговата традиционална кавкаска облека за време на верската службата на 16 април, додека верниците одржуваат физичко растојание.
Браќата уметници Никита и Егор Зигура на 13 април одржуваат аукција во живо од нивното студио во Киев. Тие собраа пари за главната детска болница во Украина.
Браќата Зигура со нивното уметничко дело „Отпечаток“. Делото се продаде за околу 500 долари. Победничката на интернет аукцијата изјави за Ројтерс: "Многу е кул кога украинските уметници се приклучуваат на ваквите иницијативи во вакви тешки времиња. И од таа причина решив да ги поддржам".
Волонтер, облечен во заштитна облека, носи крст во верска служба во Букурешт за време на прославите на Велики петок на 17 април.
Пејач на традиционални ирански песни предава преку неговиот паметен телефон во Техеран на 15 април.
Танчарката Алина Кобилијак и позира на украинската фотографка Кејт Кондратиева, која својот телефон го користи за да фотографира за време на карантинот во Киев на 7 април.
Фото сесијата на паметниот телефон на Кондратиева.
Забава во станбен двор во Драч на 7 април.
Православен свештеник прска света вода на верниците и нивните колачи и јајца во пресрет на Православниот Велигден во Минск на 18 април.
Спомен-служба во Ереван, во знак на одбележување на масовните убиства врз Ерменците од страна на отоманските Турци, во 1915 година.
Свештеник брзо минува низ маскирани верници на гробот на Свети Василиј во Никшиќ, Црна Гора, на 12 мај.
Иранци присуствуваат на верска служба во Техеран за време на Рамазан на 30 април.
Еден 96-годишен ветеран од Втората светска војна гледа од неговиот прозорец на станот како една група свири во негова чест за време на прославите на Денот на победата на 9 мај во Доњецк, Украина.