МВР поднело кривична пријава против директорката на клиниката за дерматологија Нина Цаца Билјановска, која не ги почитувала препораките за изолација и одела на работа, па дури била и на симпозиум, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.
Тој изјави дека таа влегла во земјава на 29 февруари од Италија, а коронавирусот и бил потврден на 8. март. Во меѓувреме не ги почитувала препораките за изолација, и одела на работа, па дури била и на симпозиум. Чулев изјави дека покрај неа, кривични заработиле уште неколку лица кои не ги почитувале препораките.