Креатури на покривите на Прага

Утринско светло на една од четирите крилести женски фигури што стојат на аглите на Чехов мост. Фигурите, кои држат позлатени венци, ги направи Антонин Поп (1815-1915).

Црни бебиња се качуваат по столбот на телевизиската кула Жижков, највисокото здание во Прага. Бебињата се долги 3,5 метри и ги направи современиот чешки уметник Давид Черни. Секое бебе тежи околу 250 килограми.
 

Крилестата фигура на покривот на Националниот музеј е дело на скулпторот Бохуслав Шнирх. Во 1968 година советските сили истрелаа стотици куршуми од плоштадот Вацлавске намести врз фасадата на музејот. Трагите од куршуми се гледаа до 2018 кога зградата беше реновирана.

Авторот не можеше да најде подетални информации за овие две фигури на зградата на крајот на плоштадот Вацлавске намести.

 

Мистериозно суштество над станбена зграда на шеталиштето на реката Влтава.
 

Фигури над театарот на Винохради, дело на скулпторот Милан Хавличек (1873-1917).
 

Статуа со светилка (модерната чешка уметност може да биде чудна).

Скулптури и гротески над старите улици на Прага.

Пожарникар како спасува жена од златен пламен на покривот на зграда во стариот дел на  Прага. Оваа епска скулптура е една од последните дела на чешкиот скулптор Бохуслав Шнирх пред неговата смрт во 1901 година.
 

Фигури на покривот на Националниот музеј, исто така дело на Бохуслав Шнирх. Тие, наводно, претставуваат различни региони од поранешна Чехословачка.
 

Осамени машки ликови со исукани ножеви на фасадата на Адрија Палас.
 

Споменик на титанот Атлас кој ја држи „небесната сфера“ над Климентинум, стар комплекс згради во кои се наоѓа метеоролошка станица што е во употреба од 1775 година. Статуата на Атласот ја направи Матијас Бернард Браун (1684-1738), кој исто така направи неколку скулптури на Карлов мост во Прага.
 

Скулптури на Ладислав Салун (1870-1946) на аголот на новата градска куќа. Салун исто така направи познат споменик на Јан Хус во Прага.

Друга фигура на покривот на стара прашка осигурителна компанија наречена „повик за тревога“ покажува жена и дете што ги предупредува луѓето на пожар. Скулптурата била недовршена кога починал нејзиниот креатор Бохуслав Шнирх, а ја завршил неговиот практикант Ладислав Салун.

Скулптура со поглед на Влтава на аголот на Чешкиот институт Гете.
 

Ника, божица на победата, прикажана како тера кочија со три коњи на аголот на Народниот театар. Иконската статуа на покривот е всушност копија на оригиналот. Веднаш откако Бохуслав Шнирх ги заврши бронзените скулптури на театарот по неколку години работа, тој гледаше како беа уништени од пожарот во 1881 година. Копиите беа поставени на реконструираната зграда во 1911 година, една деценија по смртта на Шнирх.

Скулптури на Ладислав Салун на аголот на новата градска куќа.
 

Човек со факел и лав. Склуптурата е завршена во 1898 година од скулпторот Антонин Поп и монтиран на покривот на Чешката народна банка. Во 2019 година беше поставена временска капсула во рамките на споменикот за одбележување на 100-годишнината од воспоставувањето на валутата на Чехословачка, круната. Временската капсула треба да се отвори во 2069 година.