Лежалката на плажа, лесно може да се замени со болнички кревет ако не се практикуваат основните мерки за заштита како што се маски, хигиена и дистанца, напиша неодамна министерот за здравство Венко Филипче во еден од неговите редовни постови на социјалните мрежи. Тој честопати повикува граѓани кои биле дијагностицирани со ковид-19 да донираат крвна плазма која што може сериозно да им помогне во битката против коронавирусот.
Во меѓувреме, бројот на оздравени пациенти значително порасна во изминативе неколку дена, иако пандемијата на ковид-19 во земјава не се смирува и сè уште е висок бројот на новозаболени лица што секојдневно го регистрираат здравствените власти.
„Дарувањето на крвна плазма не е хуманост, ниту пожртвуваност, туку минимален чин на одговорност кој секој од нас е должен да го понесе за да им помогне на оние кои им е најмногу потребно – заболените од коронавирус. Но, исто така, преку дарувањето на конвалесцентна плазма им даваме и силна поддршка за белите мантили кои секојдневно се изложуваат на ризик во првите борбени редови против светската пандемија.“, го пренесе на социјалните мрежи Филипче коментарот на како што вели младиот Борјан кој донирал крвна плазма.
Видете и ова: Вакцинација или чипирање!
Таканаречената пасивна имунизација е вид третман во кој крвната плазма се зема од лица кои оздравеле од коронавирусот, за да се донира на оние кои не можат сами да развијат антитела со кои организмот би се изборил со вирусот и се со потешка клиничка слика.
Од Институтот за трансфузиона медицина велат дека уште од почетокот на април месец, направиле протоколи ,според кои, стратуваше и првата донација на крвна плазма.
„Досега се пријавиле околу 300 лица кои изразиле желба да донираат конвалесецентна плазма, од нив тестирани се 120 со оглед на тоа дека сите се контактирани телефонски и земена им е анамнеза, дали ги исполнуваат основните предуслови за радување и врз основа на тоа тестирани се 120. Од тие 120 само 53 луѓе ги исполниле сите предуслови за дарување. Вкупно се собрани 65 единици од кои 24 се собрани од само 12 донори преку процедурата плазмафереза и 41 единица се добиени од стандарно дарување на целокупна крв. Досега со конвалесцентна плазма се третирнаи 51 пациент“, вели во писмениот одговор во Радио Слободна Европа директорот на Институтот на трансфузиона медицина Садула Усеини.
Тој додава дека во крвната плазма кај пациентите кои што оздравеле од ковид 19 има антитела, кои што се создале во времето додека пациентот боледувал од коронавирусот. Плазмата која што ги содржи овие антитела, се бори против вирусот и го намалува развивањето на болеста, а според нашите претходни искуства, терапијата со крвната плазма, се покажува дека е ефективна за справувањето со вирусот предизвикан од ебола и сарс.
Стојанов - Младите кои ќе завршат на респиратор имаат големи проблеми
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Крвна плазма може да дарува само оној кој што се излечил од инфекцијата си ковид 19 ако претходно ги исполнува критериумите и стандарсдите согласно дарувањето на крв кои што се одредени дсо протоколите. Последно време со зголемувањето на бројот на инфицирани со ковид 19 зголемена е потребата за крвна плазма за третирање на пациенти кои се со ковид 19, особено кај оние со посериозни симтоми или полоша здравествана слика.
„Искуствата од инфектолозите кои што дирекно ги третираат пациентите со плазма се позитивни “ се вели во писмениот одговор на Усеини.
Специјалистот за трансфузиона медицина докторката Радица Грубовиќ Растворцева вели дека не секој пациент кој е излекуван од коронавирусот е во можност да донира крвна плазма.
„Тие луѓе мора да исполнуваат услови за нормални крводарители. Според светските стандарди крвна плазма им се дарува на средно тешки до најтешко болни луѓе, меѓутоа се во координација со инфектолозите кои ги лекуваат, но тоа се секако хоспитализираните пациенти, пациенти со сериозни респираторни проблеми“ вели таа.
Видете и ова: Ветувачки резултати и надежи за вакцина против коронавирусот
Дарител може да биде лице на возраст од 18 до 60 години со телесна тежина поголема од 60 килограми кој ги исполнува наведените критериуми, односно мора да има два негативни теста на ковид-19, да не бидат слабокрвни, и да имаат висока концетрација на антитела на ковид-19. Според медицинските статистички податоци 15 проценти од излекуваните од коронавирусот имаат развиени антитела не не сите можат да бидат и дарители на крвна плазма.
Според досегашните истражувања објавени во медиумите на франкфуртскиот Институт за трансфузија на крв, постојат пациенти кои имале силни симптоми, но развиле слаби антитела. Од друга страна има пациенти кои немале симптоми, но развиле силни антитела. На овој Институт сега се утврдува дали тежината на болеста и видот на симптоми имаат некакво влијание на изградбата антитела во организмот. Според досегашното искуство на примателите на донираната крвна плазма функциите на црниот дроб и белите дробови биле подобрени, како и нивото на кислород во крвта, што е знак дека организмот успешно се борел против вирусот.