Ебрахим Раиси и официјално е новиот претседател на Иран. Тој ги победи тројцата кандидати на изборите на кои им беше забрането да учествуваат уште неколку други кандидати.
Раиси е главен ирански судија и има ултра-конзервативни ставови и се наоѓа на списокот на американски санкции за наводни повреди на човековите права. Раиси кој е поврзан со сериозни кршења на човековите права, беше практично непознат за мнозинството Иранци до пред само неколку години. Но, конзервативниот свештеник стана истакната фигура во Иран.
Иранскиот претседател е втор највисок функционер во земјата, по врховниот водач. Претседателот има значително влијание врз внатрешната политика и надворешните работи. Сепак, врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи го има последниот збор за сите државни прашања.
Доверба од Хамнеи
Една од причините за ова е довербата на Хамнеи во 60-годишниот Раиси, назначувајќи го во 2016 година за претседател на една од најбогатите верски фондации во земјата, а три години подоцна за шеф на моќното судство.
Раиси може да се пофали и со врски со влијателни фигури и центри на моќ.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Тука спаѓа и Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), чиј командант, генерал-мајор Хосеин Селами, го пофали минатата година за борба против корупцијата, велејќи дека неговите напори „го донесоа духот на надежта и довербата“ во општеството.
Потона најголемиот брод на иранската морнарица откако се запали, екипажот бил евакуиран
„Ако Раиси биде избран за претседател, Хамнеи ќе знае до кој степен може да му верува”, изјави за РСЕ Саид Голкар, виш соработник за Иран во Советот за глобални работи во Чикаго. „Хамнеи бара извршен асистент за водење на секојдневната политика, но не и независен политички актер кој може да го оспори него или неговата политика“, додава Голкар.
Рејтинг преку тврдокорното судство во Иран
Раиси е роден во свештеничко семејство во североисточниот град Машахд, втор по големина во Иран. Неговото школувањето е малку нејасно, иако е познато дека тој најпрвин учел во семинаријата во Ком на 15-годишна возраст. Тој е познат како хоџатолеслам, или „авторитет на исламот“, иако некои медиуми го нарекуваат ајатолах.
Раиси ја започна својата кариера кратко по Исламската револуција во 1979 година, кога стана генерален обвинител на градот Карај кога имаше само 20 години. Тој се пресели во главниот град во 1985 година, каде што беше назначен за заменик-обвинител, а подоцна и за главен обвинител на Техеран. Тој исто така служеше како заменик началник на судството и генерален обвинител.
Видете и ова: Во Иран кандидатите се откажуваат од претседателските избориРаиси е сè уште шеф на моќното судство - алатка што ја користи иранскиот естаблишмент за замолчување на неистомислениците - истовремено кандидирајќи за претседател. Тој е исто така заменик претседател на Собранието на експерти, чија задача е да ја следи работата на врховниот водач и да го избере следниот.
„Хомеини сигурно мислеше дека Раиси е добар за тоа“.
Како заменик-обвинител во Техеран, Раиси играше улога во едно од најтемните поглавја на Исламската република: масовното погубување на политички затвореници во 1988 година по фатвата од основачот на републиката, ајатолахот Хомеини.
Раиси беше член на таканаречениот „Комитет на смртта“, кој ги испрашуваше затворениците за нивните религиозни убедувања и политички припадности и испраќаше илјадници Иранци во смрт, често по судењата што траеја неколку минути.
„Хомеини издаде две фатви за создавање на комитети и јасно дека сакаше егзекуции и затоа постави тврди луѓе. Сигурно мислеше дека Раиси е добра личност за тоа“, вели историчарот Ерванд Абрахамијан.
Многумина сметаат дека Раиси е опасна фигура што може да помогне во консолидирање на моќта на конзервативците и на безбедносните апарати во земјата, вклучително и разузнавачката гранка на ИРГЦ, која стои зад апсењата на голем број активисти, екологисти и двојни државјани.
„Иако Раиси е единствениот свештеник меѓу одобрените кандидати, важноста на ИРГЦ може да се очекува уште повеќе да расте под неговото претседателствување“, изјави за РСЕ Али Фатолах-Неџад, научник од Берлин.
Иран: прекинот на струја во нуклеарниот комплекс како нуклеарен тероризам
Во 2017 година, многу Иранци изјавија дека гласале за претседателот Хасан Рохани за да го спречат Раиси да стане претседател. Овој пат, Иранците се разочараа толку многу што многумина велат дека ќе се држат настрана од изборите, а аналитичарите предвидуваат низок одзив што ќе го фаворизира Раиси, кој доби 38 проценти од гласовите на претседателските избори во 2017 година.
По претседателскиот пораз во 2017 година
Поразот на Раиси не им стави крај на неговите политички амбиции со тоа што свештеникот го искористи својот мандат во судството за да го подигне својот профил, вклучително и преку антикорупциска кампања за која некои критичари велат дека ја користел за да ги стави настрана своите потенцијални ривали, имено поранешниот шеф на судството Садег Амоли Лариџани, чиј заменик, Ахмад Табари, беше суден за корупција.
Амоли Лариџани, именуван меѓу можните наследници на Хамнеи, е брат на поранешниот претседател на парламентот Али Лариџани - потенцијално сериозен претседателски кандидат за Раиси - кому Советот на чувари не му дозволи да се кандидира. Семоќниот совет е обвинет дека му го отворил патот за лесна победа на Раиси со тоа што им забрани на вистинските кандидати да се натпреваруваат.
Репресивен мандат
За време на неговиот престој во судството, екологистите, активистите и многу други се соочуваа со тешки затворски казни, додека траеше притисокот врз медиумите, вклучително и во последните денови кога на неколку новинари, наводно, им се заканувале поради критичните објави на социјалните мрежи за Раиси.
САД и Иран во жешка битка на социјалните медиуми
Во својата кампања, Раиси продолжува да се претставува како крстоносец против корупцијата и сиромаштијата, ветувајќи дека ќе се спротивстави на „безнадежноста“ во време на незадоволство од болната економија, која е уништена од санкциите на САД и раширената разочараност во земјата за состојбата во нејзината политика и лошите изгледи за промени.
„На повидок народна влада“
Раиси вети дека ќе создаде „народна влада“ и „силен Иран“, истовремено истакнувајќи го неговото скромно потекло и смртта на неговиот татко кога имал само 5 години. „Јас бев сиромашен, не само што слушнав за тоа“, се наведува на еден од постерите на неговата кампања.
„Драга младино, ако од некоја причина сте фрустрирани, треба да знаете дека со активно присуство во изборната арена, може да се формира моќна народна влада“, изјави тој во видео-кампањата објавена на интернет.
За време на неодамнешната посета на гробишта за да им оддаде почит на мачениците, Раиси беше интервјуиран од репортер од државната телевизија како да е веќе избран претседател. „Дај Боже, ние сме пред народна влада“, рече репортерот, предизвикувајќи критики на интернет и обвинувања дека Раиси веќе бил „назначен“ за претседател и дека режимот отфрла секакви претензии изборите да биде демократски.