Уставниот суд на Косово донесе одлука со која изборот на влада на премиерот Авдулах Хоти е незаконски, бидејќи еден член на парламентот кој гласаше за владата имал затворска казна.
Гласот на пратеникот Етем Арифи беше еден од потребните 61 глас за владата на Хоти, која беше избрана со минимално потребниот број пратеници во парламентот со 120 места.
Судот оцени дека според Уставот на Косово и Законот за општи избори, лицето осудено со правосилна судска пресуда во последните три години не може да биде кандидат за пратеник или да добие важечки мандат во Собранието на Косово.
Видете и ова: Самоопределување нема гласови за да ја турне Владата, тврди ХотиСудот пресуди дека владата не добила доволно гласови и го повика шефот на државата да одреди датум за нови избори, кои мора да се одржат најдоцна во рок од 40 дена од денот на нивното прогласување.
Во соопштението што синоќа го објави Судот, се вели дека досегашните одлуки на Владата остануваат на сила, како и дека кабинетот на Хоти ќе продолжи да ги извршува должностите до изборот на новата влада.
Потпретседателот на Демократската сојуз на Косово Лутфи Хазири, член на владејачката коалиција изјави дека неговата партија ја прифаќа и ја почитува одлуката на Уставниот суд.
Разговорите меѓу Косово и Србија без напредок
Поранешниот судија на Уставниот суд, Кадри Круезиу, изјави за РСЕ дека врз основа на уставните одредби, вршителот на должноста претседател Вјоса Османи сега треба да ги обедини политичките лидери, кои треба да одлучат за распуштање на Собранието и распишување нови избори.
Жалбата пред судот беше поднесена од левичарско-националистичката опозициска партија Самоопределување која тврди дека гласот на Арифи од партијата Ашкали е неуставен, бидејќи тој е осуден на една година и три месеци затвор за проневера на субвенции.
Тој беше осуден на затворска казна во септември 2019 година. Беше посочено дека Арифи не требаше да биде потврден за кандидат за пратеник на изборите на 6 октомври лани.
Казната на пратеникот Арифи медиумите ја објавија 8 месеци откако Апелациониот суд ја објави пресудата против него во август лани.
Косовската Влада ќе основа Канцеларија за Прешевската долина
Како што објави Централната изборна комисија, Арифи го криел фактот дека е осуден и се кандидираше на парламентарните избори, иако тоа е забрането со закон.
Во март, владата на Албин Курти, лидерот на Самоопределување, беше симната со иницијативата за недоверба покрената од Демократскот сојуз на Косово на премиерот Хоти.
Одобрувањето во јуни на новата влада предводена од Хоти, 44-годишен професор по економија и поранешен министер за финансии, стави крај на повеќемесечните политички превирања.
Видете и ова: Курти одбил да оди на лидерски форум за дијалогот со СрбијаОпозициската Демократска партија на Косово ја поздрави одлуката на Уставниот суд, наведувајќи дека е отворен патот за нови парламентарни избори на Косово.
„Актуелната владејачка коалиција нема парламентарно мнозинство за да донесе никаков закон веќе неколку месеци и го блокира нормалното функционирање на државните институции“, се вели во партиското соопштение во кое се додава:
„Конечно, е потврдено дека „коалицијата на надежта“ што произлезе од изборите на 6 октомври беше најголемата измама направена од граѓаните на Република Косово и сите страдавме од последиците повеќе од една година“.
Лидерот на Алијансата за ново Косово Беџет Пацоли пак, оцени дека Косово е во најпредизвикувачкиот период и дека сега е потребна зрелост и почитување на одлуката да се оди на гласање во јануари.
Османи бара да се разрешат косовските министри кои го поддржуваат претседателот на Србија
Синоќа, по одлуката на Уставниот суд на Косово, Пацоли ги повика сите партии да учествуваат со визија што ќе го направи Косово подобро, а не со омраза и незадоволство.
„Потребна ни е јасност, просперитет и стабилност за Косово сега повеќе од кога било“, рече Пацоли.
Пратеничката од Демократската партија на Косово, Аријана Муслиу-Шоши, изрази задоволство од одлуката на Уставниот суд да ја одведе земјата на предвремени парламентарни избори.
„Сегашната коалиција не може да владее и Собранието не е во можност да функционира. Нашите граѓани мора да ја изразат својата волја гласајќи за нивната иднина", рече таа.