Неодамнешното истражување, засновано врз податоци објавени во американските држави, покажува дека стапката на морталитет кај Афроамериканците е за 2,4 пати поголема од стапката смртност кај белците.
Во Британија пак, прегледот на владината Агенција за јавно здравство посочува дека лице со африканско, азиско или малцинско етничко потекло има двојно поголема веројатност да почине од коронавирусот.
Иако недостасуваат уште бројни информации за фактори зошто е тоа така, набљудувачите посочуваат на постојните структурни и општествени нееднаквости како главни причини за зачудувачките расни разлики кога станува збор за животот и коронавирусот, реалности кои го најдоа своето место во тековните протести против социјалната неправда.
Коронавирус - далеку од крајот и тежок удар врз светската стабилност
„Овој вирус ги изразува ендемичните нееднаквости што премногу долго се игнорираат“, изјави деновиве Високиот комесар за човекови права на ООН, Мишел Бачелет, наведувајќи:
„Во Соединетите држави, протестите предизвикани од убиството на Џорџ Флојд ги потенцираат не само полициските насилства врз обоените луѓе, туку и нееднаквостите во здравството, образованието, вработувањето и ендемичната расна дискриминација“.
Универзитетот Џонс Хопкинс, институција со седиште во САД, преку наведените глобални обележја на инфекции и смртни случаи од коронавирус, ги мапира податоците на ковид-19 за расите во САД.
Рестриктивните мерки спречија милиони смртни случаи од коронавирусот
Информациите од повеќе од 40 држави покажуваат дека болеста несразмерно влијае врз малцинското население, особено Афроамериканците и ги нагласува разликите во социоекономскиот статус.
Лиза Купер, директорка на Центарот за здравство на Џонс Хопкинс, наведува некои од основните дневни реалности за многу Афроамериканци и други малцинства, кои живеат во тешко погодените урбани области.
„Бидејќи многу расни и етнички малцинства живеат во сиромаштија, тие ја искусуваат оваа пандемија на поинаков начин“, вели Купер, додавајќи:
„На пример, тие одат со јавен превоз, бидејќи немаат автомобил, почесто купуваат основни потреби, бидејќи не можат да си дозволат да складираат стоки и немаат здравствено осигурување или пристап до редовна медицинска помош“, вели таа.
Немањето лични возила, на пример, може да влијае и врз стратегијата за борба против појавата на коронавирус, како што е формирање на центри за тестирање каде што пристапот е само со автомобил.
Џордан донира 100 милиони долари за борбата против расизмот
Иако некои заболувања од кои црнците страдаат повеќе од белците - како што се астма, срцеви и белодробни состојби и други состојби што ги ставаат пациентите со коронавирус под поголем ризик - може да придонесат за повисоката стапка на смртност, набљудувачите ги гледаат општествените нееднаквости како главна причина.
Идејата дека генетиката е одговорна за нееднаквостите се оценува како „погрешна и штетна“ од Science American, со оглед на тоа што, меѓу другите фактори, не постои генетска варијација меѓу расите.
Состојбите кои можат да бидат присутни заедно со примарната причина за смрт, може да објаснат некои од разликите, се вели во извештајот објавен во медицинскиот весник „Лансет“ во мај.
Погребан Џорџ Флојд чија смрт поттикна протести во САД и светот
Но, гледајќи ги податоците добиени од Соединетите држави и од Англија, кои беа опишани како „глобално релевантни примери“, авторите наведуваат дека „тие ги поддржуваат социоекономските, наместо биолошките објаснувања“.
Биолошките објаснувања „и штетат на науката, но и на популациите историски гледано“, додаваат тие.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
"Со оглед на нивниот решен статус или по миграцијата или по раѓањето во земјата, популацијата на етничко/расно малцинство треба да има резултати од здравствена заштита еднакви на другите. За жал, ова се чини невистинито“, се наведува во извештајот.
Собирањето детални податоци - и повеќе од тоа - е посочено од експертите како еден од начините за справување со општествените неправди засновани врз раса, а како продолжување на тоа и врз ковид-19.
Бајден го обвини Трамп дека ги претворил САД во бојно поле
Движењето „ Black Lives Matter“, срцето на протестите што се во тек, во април објави:
„Овој вирус е катастрофален за нас. Ние сме основните работници кои ја одржуваат земјата; ние носиме пошта, ние сме персонал за испорака, превозници и болнички работници. Не можеме да останеме дома“.
Комесарот за човекови права на ОН Бачелет исто така го издвојува „уништувачкото влијание“ на ковид-19 „врз луѓето со африканско потекло, како и на етничките малцинства во некои земји, вклучително и Бразил, Франција, Британија и САД.
„Трагедијата е во тоа што ковид-19 го откри она што требаше да биде очигледно“, вели Бачелет, додавајќи: „Нееднаковиот пристап до здравствена заштита, пренатрупаното домување и сеопфатната дискриминација ги прават нашите општества помалку стабилни, безбедни и просперитетни“.