Веб-страници поддржани од Русија шират дезинформации за коронавирусот

илустрација

Американски официјални претставници идентификуваа три веб-страници на англиски јазик за кои велат дека Русија ги користи за ширење дезинформации за пандемијата на коронавирус за да ја нарушат американската борба за спречување на епидемијата.

Американските претставници цитирани од новинската агенција „Асошиетед Прес“ велат дека активноста е поврзана со руските разузнавачки служби.

Тие идентификуваа двајца Руси кои вршеле високи улоги во воената разузнавачка единица позната под кратенката „ГРУ“, како одговорни за дезинформациите насочени кон САД и западната публика.

Агенцијата објаснува дека американските службеници зборувале под анонимност затоа што не биле овластени да зборуваат јавно.

Поглед на на деловниоѕ центар познат како „фабрика за тролови“, односно Aгенцијата за истражување на интернет во Санкт Петербург

Американски официјални лица и претходно предупредуваа на ширење дезинформации поврзани за пандемијата.

Но, официјалните лица цитирани од АП отидоа понатаму со издвојување на InfoRos, агенција за информации што е регистрирана во Русија и која оперира со веб-страниците InfoRos.ru, Infobrics.org и OneWorld.press.

Шест месеци ковид-19: Пакет лаги

Меѓу крајот на мај и почетокот на јули, веб-страниците објавија околу 150 статии за пандемискиот одговор, вклучително и написи што и даваат на Русија позитивно светло или што ги омаловажуваат Соединетите држави, рече едно од официјалните лица.

Ова вклучува приказни кои сугерираа дека Русија им дала значителна помош на Соединетите држави во борбата против пандемијата и кои ги истакнуваа кинеските сомневања дека коронавирусот е биолошко оружје.

Приказните на веб-страниците исто така ги потенцираа немирите во многу градови во САД поради расната неправда.

До откривањето доаѓа откако ширењето на дезинформациите прерасна во итна загриженост со оглед на претседателските избори во САД во ноември.

Тролови од С.Македонија ширеле лажни вести за коронавирусот

Американските политичари постојано предупредуваат на повторување на руското мешање за кое американската разузнавачка заедница и конгресните комитети заклучија дека се случило главно преку тајната кампања на социјалните медиуми во 2016 година за зајакнување на кандидатурата на Доналд Трамп.

илустрација

Официјалните лица изјавија дека сега зборуваат за веб-страниците за да се покаже, како што велат, јасната врска меѓу нив и руското разузнавање.

Двете лица кои имаат лидерски улоги во InfoRos и претходно служеа во ГРУ, се идентификувани како Денис Валериевич Тјурин и Александар Генадиевич Старунски.

ЕПП - Западен Балкан не смее да падне во замката на руските дезинформации

Единицата на ГРУ во која служеле е специјализирана за воена психолошка интелигенција и тие одржуваат длабоки контакти таму, велат официјалните лица за АП.

Агенцијата соопшти дека се обидела да добие коментар од InfoRos, но тоа досега не било сторено.

InfoRos се опишува на својата Фејсбук страница како „Информативна агенција: свет низ очите на Русија“.

InfoRos и OneWorld претходно привлекоа внимание и во Европа.

ЕУ: Русија и Кина ја минираат демократијата со дезинформации за коронавирусот

Во извештајот во минатиот месец од DisinfoLab на ЕУ се наведува врската помеѓу InfoRos и OneWorld со руското воено разузнавање.

„InfoRos е во сивата зона, каде што редовните информативни активности се мешаат со повеќе контроверзни активности што можат да бидат целосно поврзани со разузнавачките операции на руската држава“, се вели во извештајот.

Вашингтон пост исто така претходно објави дека InfoRos е поврзан со ГРУ.