Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.521.030 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 88.563, а оздравеле 331.132 луѓе.
– Бразилскиот министер за здравство Луис Енрике Мандета објави дека Бразил не успеал да добие медицинска опрема од Кина и дека земјата ќе се сврти кон сопственото производство на респиратори.
– Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди за нов бран на инфекција со коронавирусот во земјата.
– Јужна Кореја забележа најголем дневен пораст на бројот на потврдени случаи на Ковид-19 за повеќе од шест недели. Во последните 24 часа има регистрирано 39 нови случаи на инфекција во таа земја.
- Кога животот ќе почне да се враќа во нормала?
- Видео - „Бидете креативни за да помине времето побрзо“
– Околу 286 офицери на бродот „УСС Теодор Рузвелт”, ко се вкотви во Гуам, се позитивни за новиот вид на коронавирус. Досега се тестирани повеќе од 90 отсто од екипажот, а 2.2329 морнари се пренесени на брегот.
– Научниците предвидуваат дека Велика Британија ќе биде најтешко погодената земја во Европа и дека околу 66.000 луѓе ќе починат од компликации поврзани со Ковид-19 во Велика Британија.
– Повеќе од еден милион тестови за вирусот Ковид-19 се извршени во Русија, соопштија властите. Во Русија, 8.672 лица се заразени Ковид-19, додека 171.000 се под медицински надзор. Досега 63 лица починаа од вирусот.
– Задолжителен карантин за лица кои влегуваат во земјава од странство ќе стапи на сила утре во Германија. Во случај на непочитување на карантин, тие се соочуваат со казна од 150 до 25.000 евра.