За седумдесетгодишната пензионерка Вера Маркова, изборите се важен чини одраз за демократијата на едно општеството. Во целиот свој живот таа речиси и да непропуштила да го оствари своето право на глас на избори, независно дали биле локални, парламентарни или претседателски. Но, поради пандемијата која годинава не ја одмина и нашата земја, особено поради фактот дека веќе три недели бројките на заразени од вирусот се троцифрени, Вера е одлучна дека нема да излезе на гласање.
„Досега на сите избори секогаш гласав. Но, овојпат не. Самата пандемија не го дозволува тоа. Ние сме возраст во која мора да се пазиме и затоа не размислувам да гласам. Ова мое мислење го делат многу мои пријателки на таа возраст. Мора да внимаваме, здравствената состојба не ни дозволува да се однесуваме неодговорно“, вели пензионерката Маркова.
Иако надлежните власти уверуваат дека ќе се преземат сите потребни мерки за да се обезбеди безбедно гласање на граѓаните, дилемите и скриениот страв особено кај пенизионерите кои се сметаат за најпогодена категорија од вирусот се уште постојат. Политичките аналитичари се на став дека на изборите на 15 јули треба да се очекува помала излезност.
„Секако дека излезноста ќе биде намалена, но јас сметам дека тоа нема да ги загрози процедурите и легитимноста на идната влада. Здравствената состојба сигурно ќе влиајае. Многу луѓе ќе останат дома, одособено неопределените, незаинтересираните. Затоа што немаат инерес да излезат на гласање и да избеарат во услови кога има макар и најмал ризик за нивното здравје“, вели професорот Никола Дујовски.
Според него, проблем не е само здравствената состојба. Во прилог на тоа дека излезноста ќе биде помала на овие избори оди и фактот што изборите се во лето, кога температурите се многу високи и кога генерално препораките за болните и возрасните, се да останат дома.
И според политичкиот аналитичар Сефер Селими намалената излезност е многу реално сценарио на претстојните избори.
„Пандемијата секако ќе има големо влијание врз одлуката на гласачите дали да излезат или не на денот на гласање. Посебно возрзасните и поризичните категории гласачи. Згора на тоа датумот е летен, во јули, и тоа ќе биде своевиден предизвик за партиите. За парламентарните избори нема цензус на излезноста. Но Донтоновиот изборен систем, според малата излезност пак ќе ги фаворизира поголемите партии,“ вели Селими.
Видете и ова: Хибридна кампања со акцент на социјалните медиуми
Сепак според Дујовски, евентуалната намалена излезност нема да го загрози легитимитетот на идната влада.
„Прашањето е колку политичките партии ќе успеат да ги мобилизираат граѓаните да излезат на гласање. Според некои проценки имајќи ја предвид состојбата, задоволителна би била излезност помеѓу 40 и 45 проценти. Се разбира, легитимитетот на исниот парламентарен ссотав не моќе да биде доведено во прашање. Секоја партија треба да се обиде да реазлизра поголем дел од гласачкото тело. Тој што ќе биде во опозиција ќе има право да вели каква влада сте вие со толкаво мнозинство, но тие што се во владата секако ќе имааат повеќе гласови од другите во опозиција“, изјави професорот Дујовски.
И според Селими вели малата излезност и број на гласови нема да го оспорат легитимитетот на партијата која ќе формира владејачко мнозинство.
„Меѓутоа тоа нема да биде здраво за нашата демократија, каква што ја имаме. Проблемот е што малата излезност секогаш остава простор за полиутчки определените гласови. Што поголема излезност поголем е легитимитетот на идната влада. Сепак предизвикот ќе биде за неодлучните и оние кои немаат директен интерес од некоја политичка партија,“ вели Селими.
Инаку дваесет и вторите избори по ред од добивањето на независноста се одржуваат во време на пандемија на коронавирусот, па различно е што гласањето ќе трае три дена.
На 13 јули ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, а на 14 јули ќе гласаат немоќни и болни лица, хронично болните лица и останатите лица кои согласно Изборниот законик гласаат еден ден пред одржувањето на изборите. На 15 јули гласањето ќе започне како и на досегашните избори во 07 часот, но ќе трае два часа подолго до 21 часот.
На избирачките места гласачите ќе ги дочека комисија со заштитни маски и ракавици, а мора да има обезбедено и средство за дезинфекција за што е задолжено Министерството за здравство.
Според протоколот кој го изготви Комисијата за заразни болести, уште пред еден месец, прозорците во просториите за гласање треба да бидат отворени, да има потребна физичка дистанца меѓу членовите на избирачките одбори, гласачите ќе чекаат надвор на дистанца од два метра, а во изборните места нема да има повеќе гласачи од број на боксови за гласање.
До изборите пак, дојде по инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ откако државава не доби датум за преговори со Европската унија на ланскиот есенски самит и покрај сменетото име во Република Северна Македонија. Првично требаше да бидат одржани на 12 април но беа одложени поради почетокот на пандемијата од Ковид – 19.