Коронавирусот е опасен, брзо се менува

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во борба со времето за лек против коронавирусот

Бројот на починати од коронавирусот во Кина се зголеми на 106 лица. Во истовреме се забележани 1.770 нови заразени, соопштија денеска кинеските власти. Со тоа во Кина вчера имало над 4.515 потврдени случаи на заболени со коронавирусот. Во меѓувреме, во многу лаборатории во светот се прават обиди да се најде лек против коронавирусот.

Како што се шири смртоносниот коронавирус кој има слични симптоми како грипот и може да се пренесува директно меѓу луѓето така се интензивираат напорите за изнаоѓање лек кој ќе се справи со него.

Професорката од Северозападниот универзитет Карла Сатчел е еден од научниците ширум светот која е вклучена во тоа.

Таа води тим на научници кои ја испитуваат структурата на коронавирусот за да разберат како да спречат да се реплицира во човечките клетки.

„Она што ме плаши околу новиот коронавирус е тоа што во секое време кога имате нешто ново, имате само многу непознати. И не знаеме колку брзо се шири и не знаеме колку ќе биде заразен, ако се прошири низ целиот свет “.

Сатчел и нејзиниот тим ја мапираат структурата на некои од 28-те протеини во вирусот за да видат каде лековите можат да бидат ефикасни во, како што вели, неговата машинерија.

„Она што го прави коронавирусот посебен предизвик е дека, како и сите вируси, тој има капацитет да се промени. И така, како што знаеме за сродните вируси како САРС не секогаш ни кажува точно како да го лекуваме или да го спречуваме заболувањето кај луѓе кои би можеле да бидат заразени од овој коронавирус“.

Протеините од коронавирусот се од 70 до 99 проценти идентични со оние во САРС-от, тежок акутен респираторен синдром кој пред седумнаесет години се појави во Кина.

Сатчел вака ја објаснува појавата на вирусот и како тоа може да спречи.

„Машините што ги сочинуваат вирусните честички имаат многу различни функции. Одличен пример би бил ако сте фабрика, вие може да имате многу различни машини што би се користеле за производство на пример на автомобил. И ако можете да ги блокирате тие машини да функционираат, може да блокирате автомобилот да биде монтиран. На ист начин функционира вирусот“.