Пратениците ги отфрлија приговорите на некои републикански пратеници за заверување на изборниот глас на Аризона за Џо Бајден по бурниот, смртоносен ден во кој немирите од приврзаниците на претседателот Доналд Трамп го нарушија процесот.
Пратениците гласаа против обидот за отфрлање на изборниот број на Аризона доцна на 6 јануари, во првиот од, како што се очекуваше, неколкуте приговори на републиканците за гласањето за сертифицирање на Изборниот колеџ за формализирање на избраниот претседател Џо Бајден на изборите во ноември.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Четири жртви во немирите пред Конгресот на САД
Насилството што го наруши обидот за потврда на резултатите ги принуди политичарите да се скријат откако една жена беше застрелана откако толпата провали низ забарикадирана врата во Капитол, каде што полицијата била вооружена од другата страна.
Извештаите на локалните медиуми велат дека жената, која била итно пренесена во болница, но подоцна починала, била ревносен поддржувач на Трамп и 14-годишен ветеран која служела во американското воено воздухопловство.
Вашингтонската полиција соопшти дека уште три лица починале од „медицински итни случаи“ што се случиле за време на нередите и оти досега биле уапсени над 50 лица за нивната улога во немирите.
Исто така биле пронајдени две рачно изработени бомби во цевки, една надвор од Демократскиот национален комитет и другата од Националниот комитет на Републиканската партија.
Полициски час по упадот на про - Трамп демонстрантите во Конгресот на САД
Полицијата открила и молотов коктел на теренот во Капитол, рече тој. Капитол беше прогласен за безбеден околу четири часа по насилствата кога десетици луѓе успеаја да ги превртат бариерите и да влезат во зградата, со што се стигна до салата на Сенатот, каде се одвиваше пребројувањето на изборните гласови од претседателските избори. Тепачки имало во централниот дел на зградата, каде што беше користен и солзавец.
Пенс, кој претседава со заедничката седница, мораше да биде со придружба изнесен од Сенатот откако еден член на толпата што влезе во салата извика: „Трамп победи на изборите“.
Бајден, говорејќи во телевизиското обраќање од Вилмингтон, Делавер, рече дека активноста „се граничи со бунт“ и ја става демократијата на Америка под „невиден напад“.
На видеото објавено на Твитер непосредно по говорот на Бајден, Трамп повтори неколку лажни тврдења за изборни измами - ниту едно не го поткрепи со веродостојни докази - но ги повика демонстрантите да заминат. „Сега треба да одите дома, мора да имаме мир“, рече тој и додаде: „Ве сакам. Вие сте многу посебни“.
Твитер подоцна соопшти дека ја заклучил сметката на Трамп 12 часа и се заканил дека ако не отстрани неколку твитови што можат да инспирираат насилство, може трајно да му биде заклучена сметката.
Трамп - Никогаш нема да го признаеме поразот
Во меѓувреме, Фејсбук го симна видеото на претседателот наведувајќи дека претставува ризик од насилство.
Насилството ја потресе не само нацијата, туку и многумина во земјите во странство кои на САД гледаат како светилник на демократијата.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика приврзаниците на Трамп да „престанат да ги газат“ демократските вредности. „Непријателите на демократијата ќе бидат задоволни да ги видат овие неверојатни слики од Вашингтон“, додаде тој, повторувајќи ги чувствата на неколку други светски лидери.
Верификувањето на гласањето на Изборниот колеџ, последниот официјален чекор пред инаугурацијата на Бајден на 20 јануари, вообичаено е рутински попис на гласовите на избирачите од секоја држава.
Но, постапката премина во жестока дебата, бидејќи група републикански пратеници поднесоа приговори.
Во Вашингтон ангажирана Националната гарда пред митинзите за поддршка на Трамп
Одлуката за оспорување на резултатите во Конгресот ги подели републиканците, при што лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел ги осуди своите пратеници на почетокот на дебатата.
„Гласачите, судовите, државите, сите тие го кажаа своето мислење. Ако не ги почитуваме, тоа ќе ја оштети нашата република засекогаш“, рече Меконел. Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го нарече ден со „огромно историско значење“ за „гарантирање доверба во американскиот демократски систем“.
Републиканските законодавци планираат да се спротивстават на изборните гласови во најмалку шест држави - Аризона, Џорџија, Невада, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин. За секој приговор е предвидено до два часа разгледување во Домот и Сенатот.
Видете и ова: Капитол Хил прогласен за безбеден, почина жената ранета во КонгресотРепубликанските напори речиси и да немаат шанси да го спречат Бајден да ја преземе функцијата затоа што демократите го контролираат Домот, а и доволно републиканци се спротивставуваат на напорите.
Со заедничката седница претседава потпретседателот Мајк Пенс, кој планира да остане на своите церемонијални должности и покрај притисокот од Трамп да помогне да се отфрли победата на Бајден со отфрлање на изборните гласови.
Во изјавата пред да претседава со заедничката седница, Пенс му пркосеше на претседателот велејќи дека нема еднострана можност да ги отфрли изборните гласови.
„Сметам дека мојата заклетва за поддршка и одбрана на Уставот ме принудува да тврдам еднострано овластување за да утврдам кои изборни гласови треба да се пребројат, а кои не“, рече Пенс.
Победата на Бајден од Изборниот колеџ со 306-232, што го одредува победникот на претседателските избори во САД, беше ратификувана од избирачите минатиот месец. Државните и федералните институции судови ги отфрлија тврдењата на Трамп за широко распространета изборна измама.
Пред да започне седницата, Трамп им се обрати на приврзаниците во близина на Белата куќа, тргнувајќи во тирада за медиумите и изборите. „Никогаш нема да се предадеме. Никогаш нема да признаеме“, им рече Трамп на насобраните кои скандираа: „Стоп на кражбата“. Поттикнати од Трамп, неговите приврзаници потоа маршираа кон Капитол оддалечен околу 1,6 километри.