Кога повторно ќе излеземе од домовите?

илустрација

Со милијарди луѓе кои во моментот се затворени во своите домови, многумина се прашуваат колку долго ќе трае ова и што ќе се случува кога повторно ќе излеземе од домовите? Новите модели сугерираат дека овој бран на физичко дистанцирање е само првата фаза во долгата војна што може да трае до 2022 година.

Првото прашање со кое се соочуваат многу влади ширум светот е колку долго ќе треба да се применуваат овие екстремни мерки за физичко дистанцирање?

Кина можеби успеа да го намали ширењето преку извонредно екстремни мерки, кои траеја од осум до 10 недели.

Новата студија на универзитетот во Сиднеј го моделира ширењето на КОВИД-19 во Австралија и ја измери директната врска помеѓу времетраењето на овие акутни мерки за физичко растојание и процентот на населението што се придржува кон правилата.

Грузија - карантин

Ако сакаме да го контролираме ширењето на КОВИД-19 - наместо да не дозволиме да не контролира болеста - најмалку 80 проценти од австралиското население мора да ги почитува строгите мерки за физичка дистанца најмалку четири месеци“, објаснува шефот на студијата за новиот модел Михаил Прокопенко.

„Меѓутоа, ако 90% од населението се придржува, тогаш времетраењето би можело да биде од 13 до 14 недели".

Кога животот ќе почне да се враќа во нормала?

Можеби највпечатливиот наод во студијата е откривањето дека ако помалку од 70 проценти од населението се придржува кон практиките на физичко дистанцирање, пандемијата не може да се потисне.

Прокопенко посочува дека сите практики за физичко дистанцирање би биле „неплодни“ доколку не бидат почитувани од доволно голем број на луѓе.

Никој не знае

Марк Липстич, професор по епидемиологија од универзитетот Харвард, е воздржан да постави точен датум колку долго треба да трае почетното силно физичко растојание.

Тој сугерира дека Кина можеби успешно се справила со ширењето на заразата по осум недели, но нејзините мерки биле екстремни.

Кинескиот град Вухан излезе од изолација по 76 дена

„Во другите градови во Кина каде што никогаш не дојде под товар тамошниот здравствен систем, можете да успеете за шест до осум недели на физичко растојание“, вели тој, додавајќи:

„Ако започнете физичко дистанцирање кога ќе видите како се урива вашиот здравствен систем, како што се случи во Италија и се плашам дека ќе биде тоа случај во многу делови на Соединетите држави, тогаш тоа значи дека имате повеќе случаи во популацијата и дека ќе потрае подолго за да се спуштите на нула“.

Како светот држи безбедно растојание - низ фотографии

По твитот на претседателот Доналд Трамп, кој посочува дека мерките за социјално дистанцирање во Соединетите држави треба да започнат да се релаксираат кон средината на април, хор на здравствени експерти предупредија дека тоа ќе биде премногу бргу.

Нормалното ќе изгледа сосема поинаку по пандемијата

Том Инглсби, експерт за епидемија и директор на Центарот за здравствена безбедност Џон Хопкинс, презентира вознемирувачка слика за тоа што може да се случи во Соединетите држави доколку мерките за физичко растојание предвремено се напуштат.

„Секој што советува крај на физичкото дистанцирање сега, треба целосно да разбере како ќе изгледа земјата ако го сториме тоа“, напиша Инглсби на Твитер, додавајќи:

„КОВИД ќе се шири ужасно брзо и може да убие потенцијално милиони во текот на годината со огромно социјално и економско влијание низ целата земја“.

Како напаѓа коронавирусот, микроскопски фотографии

Значи, се чини дека е сè повеќе јасно оти треба да се воспостават екстремни мерки за физичко растојание од еден до три месеци, минимум, за да се задуши почетниот бран на инфекции.

Но, што ќе се случува после тоа? Како што вирусот ќе се појавува од време на време, ќе им биде потребно на научниците да развијат вакцина или пак да се дозволи доволно луѓе да заболат од вирусот за да воспостават минимум на таканаречен имунитет на стадо?

Втората фаза

Како ќе изгледа втората фаза е голема мистерија во моментов и секоја влада ширум светот најверојатно ќе им пристапи на нештата поинаку.

Дури и ако Кина успее да спречи втор скок во текот на следните месеци, ниту една друга земја во светот нема средства да ги реплицира своите длабоко сеопфатни методи на контрола.

Кривични пријави за повеќе од 500 луѓе кои не ги почитувале мерките против коронавирусот

Џулиет Кајем, поранешен висок функционер за внатрешна безбедност, посочува ако помине оваа прва силна фаза на физичко растојание и се спречи ширењето, светот сè уште ќе изгледа многу поинаку, бидејќи ќе започнат долгорочните напори за сузбивање.

„Во таа фаза, тогаш ќе можеме да ги изолираме болните, да ги тестираме нивните контакти, да се грижиме за нив на расположливите кревети за интензивна нега со респиратори, бидејќи ние ги зголемуваме ресурсите“.

Според неа, најважно е да се дојде и на големо да се дистрибуира соодветна ефикасна вакцина.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во потрага по терапија против коронавирусот

Највознемирувачката порака, изречена од многу експерти, е дека голем дел од вистинската работа започнува откако ќе се задуши овој акутен вирусен врв.

За втората половина на 2020 година, ќе биде неопходно масовно тестирање и следење на контактите за да се фатат и изолираат нови случаи кога ќе се појават, а со тоа и да се локализира епидемијата.

„Ни треба систем за скенирање на аеродромите, така што никој нема да влезе во земјата со оваа болест без да биде дијагностициран и изолиран“, објаснува Том Инглсби, наведувајќи како треба да се одвива оваа втора фаза.

„Ни треба тест што може да се искористи за да се идентификуваат оние што веќе се заразени и закрепнати и да знаеме колку е застапена болеста. Се надеваме дека ќе имаме развиено терапии и во доволно количество за да можеме да ги лечиме барем најболните пациенти со КОВИД-19. Откако ќе ги имаме овие работи, ќе биде далеку помалку ризично да се преземат мерки за физичко дистанцирање и да се разгледа што постепено може да се намали со обиди и грешки", вели тој.

Москва - проверка во време на карантин

Влијателниот модел од Империал колеџ во Лондон откри дека активните мерки за физичко оддалечување, можеби ќе треба да бидат прекинувани и повторно воспоставувани во текот на следните 18 месеци додека не се развие вакцина и не се појави масовен имунитет.

Производи инспирирани од коронавирусот

Неодамнешниот модел, произведен од Марк Липстич и неговиот тим од Харвард дојде на сличен заклучок... целокупното времетраење на епидемијата САРС-КоВ-2 може да трае во 2022 година.

Тој модел потврдува дека доколку не се следи акутната фаза на физичко растојание со сеопфатен надзор интервенции, тогаш врвот на епидемијата на пример во Соединетите држави едноставно ќе биде потиснат наесен.

Луѓе во карантин низ фотографии

Студијата предупредува дека притискањето на врвот на епидемијата во зима може на крајот да ја влоши преносливоста, бидејќи сè уште не е јасно дали вирусот се шири побрзо во постудените сезони.

Едно од најлошите сценарија претставено во новиот модел на Харвард е епидемијата што се протега во 2022 година.

Ова сценарио се заснова врз сегашните нивоа на услуги за неопходна нега во Соединетите држави.

Крајните заклучоци не се баш утешни, но студијата забележува дека огромен број варијабли може да понудат попозитивни исходи.

Советот за безбедност на ОН поделен во борбата против Ковид-19

Овој модел не го зема предвид развојот на нови третмани, нови методи за пронаоѓање и тестирање, или дури и малата можна веројатност вирусот природно да се изгуби.

„Новите вакцини или други интервенции, како што се агресивното следење на контактите и карантин – сега се непрактични на многу места, но би биле попрактични откако ќе се намали бројот на случаи и ќе се зголемат тестовите. Тогаш би можело да ја ублажат потребата за строго физичко растојание за одржување на контрола на епидемијата “, заклучува студијата.

Долгиот пат

Па, кога ќе заврши сето ова? Кога ќе можете комотно да ја напуштите својата куќа и да се вратите на нормалните активности?

За жал, не постои едноставен смирувачки одговор на тоа прашање, и иако ова ќе заврши во одреден момент во иднина, тој момент може да биде најмалку 12 до 18 месеци.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

„Бидете креативни за да помине времето побрзо“

На една од неговите прес конференции генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејезус повтори дека овие првични мерки за заклучување се однесуваат на купување време за воспоставување пошироки системи на контрола и олеснување на притисокот врз здравствените системи.

„Сами по себе, овие мерки нема да ја изгаснат пандемијата“, вели генералниот директор Тедрос Адханом Гебрејезус.

„Целта на овие активности е да се овозможат попрецизни и насочени мерки што се потребни за да се запре пренесувањето и да се спасат животи. Ги повикуваме сите земји кои воведоа т.н. мерки за заклучување да го искористат овој пат за напад врз вирусот. Вие создадовте втор прозорец на можности. Прашањето е, како ќе го искористите? “, рече тој.