Глобална закана од климатските промени за здравјето на децата

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Девет од 10 деца во светот дишат нечист воздух

Комисија на меѓународни научници оцени дека ниту една земја во светот не успева да им даде на децата можности за здрав живот. Комисијата Лансет, поддржана од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ наведува дека дури и на децата во богатите земји сега им се закануваат сериозни здравствени проблеми заради климатските промени.

Ниту една земја во светот не го штити здравјето на децата од штетите од животната средина, се вели во новиот извештај на комисијата од над 40 научници која разгледуваше неколку фактори пред да подготви табели за перформансите на 180 земји низ целиот свет.

Првата табела го истражува квалитетот на животот на детето од гледна точка на образование, пристап до здравствената заштита, исхраната и заштитата од насилство.

Втората табела ја разгледува животната средина во која детето расте.

Тука авторите ги зедоа предвид емисиите на СО2 по глава на жител во секоја земја и ја споредија со нивната цел до 2030 година, договорена на самитот во Париз за климатските промени.

Ко-авторот на студијата Ентони Костело е професор по глобално здравје и одржлив развој на Универзитетскиот колеџ во Лондон и директор за здравје во Светската здравствена организација.

„СЗО верува дека повеќе од една третина од сите смртни случаи сега се поврзани со ефектите од животната средина кај децата. Загадувањето на воздухот, девет од 10 деца не дишат безбеден воздух, нечистата вода, за која знаеме дека е лоша за исхраната и за стапката на инфекции“.

Човечкото влијание врз животната средина стана универзално прашање и предизвикува протести, особено кај младите луѓе кои веруваат дека постарите генерации ја загрозија нивната иднина.

Додека земјите во развој моментално имаат пониски емисии на јаглерод диоксид од оние со пософистицирани економии, тие веројатно нема да го избегнат влијанието на климатските промени.

Посиромашните земји, според извештајот на Светската економска перспектива на ММФ во 2017 година всушност, ќе сносат многу поголем товар од климатските промени.

Имено, зголемувањето на температурата би имало негативни последици концентрирани во земји со релативно топла клима, како што се повеќето земји со ниски приходи.

Костело вели: „Живееме во скршен свет, свет со екстремни настани, циклони, поплави во Британија, суша во Америка и во Африка, пожари, топлотни бранови, ефекти врз исхраната од опаѓање наприносите на земјоделските култури и ние, всушност, гледаме дека од 2015 година индикаторите за исхрана се намалуваат. Значи, имаме голем проблем“.

Не сите закани со кои се соочуваат младите луѓе доаѓаат од животната средина.

Развојот на мобилните комуникации и социјалните медиуми, како што се наведува во студијата, доведоа до тоа децата уште во најрани години да бидат постојанобомбардирани со реклами.