Кина го зголеми својот воен буџет за 6,6 проценти во 2020 година, што е најмало зголемување за три децении, во услови кога кинеската економија забавува како резултат на пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска кинеската Влада пренесе Ројтерс. Со ова зголемување, воениот буџет на Кина ќе изнесува 1,268 трилиони јуани, или 178,16 милијарди долари.
Ланскиот воен буџет беше 7,5 проценти поголем од претходниот. БДП на Кина падна за 6,8 проценти во првиот квартал од 2020 година. Тензиите со Тајван и бројните територијални спорови во Јужното Кинеско Море се главните безбедносни предизвици за Пекинг.
„Ние решително ќе се спротивставиме и ќе ги спречиме сите сепаратистички активности насочени кон независност на Тајван“, рече кинескиот премиер Ли Кечијанг на отворањето на годишната сесија на кинескиот Парламент.