Кизов: Има комплекс на пропусти и одговорности за пожарот во Тетово
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Истрагата на тетовското обвинителство досега покажува дека пожарот во модуларната болница во Тетово не е предмет само на човечка грешка, вели поранешниот обвинител Константин Кизов. Според него, набавката, изведувачот, приемот и ракувањето со болницата се комплекс на пропусти и одговорности, а обвинителите ќе треба да ја утврдат поединечно одговорноста.