Сто дена сте на прв човек на градот Тетово за кој ветувавте дека ќе го направите европски. Но според тоа што можевме да го видиме и да слушнеме од Тетовци, низ улиците уште има ѓубре, депонијата Русино не е во целосна функција, има недостиг на вода, место за паркинг тешко се наоѓа, владее сообраќаен хаос... Од денешна перспектива дали е полесно да се вети, отколку да се реализира?
Секогаш е полесно е да се вети отколку да се реализира, но имајќи ја предвид ситуацијата во која ја најдовме општината и времето во кое сме на чело на општинската администрација, мислам дека е рано да се направи проценка дали може она што е ветено да се реализира. Јас ценам дека тоа што е ветено ќе биде реализирано за Тетово, за сите проблеми со кои се соочува градот, како на пример проблемот со ѓубрето, со улиците, водата, со кучињата скитници се што не личи на еден град во кој треба како жители достоинствено да живееме. Тоа што ние го најдовме во општината беше хаосот на општинската администрација и проблемот со финансиите. Сите велеа дека општината е задолжена, но после помошта на централната власт кон општините во претходната администрација каде беа платени половина од долговите, никој не очекуваше дека долгот на општината може да биде над 24 милиони евра. Само долгот на општината без другите јавни претпријатија и без каматите од извршните налози, е околу 24 милиони, а истиот може да е и повисок. Ние сме во ситуација кога општинската сметка е блокирана, значи јас шест месеци сум градоначалник и уште немам извршено ниту едно плаќање, туку се оди по налог. Само платите и придонесите се платени од моја страна. Така што во оваа фаза нас ни беше приоритет да се консолидира финансиски општината за да ја вратиме на располагање општинската сметка. Е надеваме дека во текот на годината ќе испееме. Оти проблемот е покомплексен. Не се работи само за обврски на општината кон приватните компании со кои договоривме репрограмирање на долгот во следните четири години, но ние имаме обврски и кон други институции државни и министерство за финансии со кои немаме договор за репрограмирање. Значи централната власт наместо да помогне на општината, таа одмага со тоа што ни пушти извршители за долгови кои ги создала претходната администрација.
Факт е дека општината не е во добра кондиција. Но граѓаните бараат решение на нивните проблеми. Жално е и недозволиво Тетово, градот под Шара се уште има проблеми со недостиг на вода. Како ќе го решите ова прашање и кога водоводот ќе работи како што треба?
Видете и ова: Теута Арифи доби кривична од општина Тетово
За жал во делот на водоснабдувањето очекувавме дека Тетово има проблем со дистрибутивната мрежа која навистина е реален проблем. Во тој дел не најдовме ниту физибилити студија за да видиме кој е реалниот обем на проблемот, каде и колку треба да се интервенира за да може водата од планината да оди до секој граѓанин. Веќе сме во фаза на договарање подготовка на физибилити студија за да после одиме со следниот за да подготвиме основен проект за да видиме колку ќе не чини и да најдеме финансии за рехабилитација на дистрибутивната мрежа. За жал за да проблемот биде уште посериозен, цевководот кој ја носи водат од Лешница не е реализиран согласно стандардите. Околу четири пати во текот на зимата системот беше во дефект и луѓето од јавното претпријатие требаше да интервенираат во екстремни услови за да не останат жителите без вода. Значи очекувавме дека доводот на вода ќе биде во ред и ќе треба да работиме само со мрежата. Но за жал ние треба да интервенираме и во тој инаку нов проект, за да се рехабилитира, затоа што во зимски услови тој не е во функција. Веќе имаме и направена пресметка од УНДП, според која ќе ни требаат околу 9 милиони денари за повторно да се врати трасата која оди од месноста од каде што се зема водата, а која претходно била погрешно поставена а притоа биле злоупотребени парите од буџетот. Трасата треба да се премести поради тоа што таму има свлечиште.
Транспарентно на билбордите низ градот го објавивте долгот на општината, за која го обвинивте претходното раководство на општината. Поднесовте и кривична пријава против претходната градоначалничка Теута Арифи, обвинувајќи ја за злоупотреби на општинскиот буџет. Велите дека вакви злоупотреби правеле и други функционери на ДУИ. Какви се вашите очекувања од органите на прогонот за овој случај?
Видете и ова: Зградите го „изедоа“ зеленилотоНие очекуваме институциите да реагираат согласно устав и закон и затоа ние ја извршуваме својата обврска со тоа што ги собираме доказите и ги доставуваме до надлежните институции. Во ситуацијата ние сме во постојана комуникација со Антикорупциска комисија и јавното обвинителство. Досега две три кривични пријави се доставени со Јавното обвинителство и една од нив е доставено до Обвинителството за организиран криминал затоа што се вклучени повеќе лица, четири лица. Веќе сме во подготовка на две следни кривични пријави за кои имаме основани сомневања дека се злоупотребени позициите. Едната е за договорите на дело на претходната градоначалничка која следната недела ќе биде пуштена и другата е за злоупотреби на позиција на еден директор на средно училиште за кој веќе од внатрешна ревизија се констатирани сериозни злоупотреби на позицијата за што исто така ќе следува кривична пријава.
Господине Касами вие сте лидер на политичката партија Беса, чии двајцата пратеници се приклучија на активната блокада на собранието. Кои законски решенија ќе ги блокира вашата партија во парламентот?
Значи нашата позиција во однос на актуелната ситуација е многу јасна. Ние нема да навлегуваме со барање за избори па да создаваме дополнителни проблеми за државата и граѓаните. Но истовремено наше барање до меѓународните партнери е дека мора да имаме дополнителни механизми за контрола на владата. Ако договориме дека во ситуацијата во која е Балканот поради војната во Украина не е време да се организираат предвремени тогаш мора да се договориме да се создадат тие дополнителни механизми за да се заштитиме од корупција од високо ниво. Бидејќи веќе имаме перманентни примери како високи владини функционери запаѓаат во криминал и корупција.
Во каква комуникација сте со ВМРО-ДПМНЕ и би коалицирале ли при евентуални предвремени избори?
Иако имаме редовна комуникација немаме некаков договор за следните чекори како ќе се координираме во делот на притисокот на нови предвремени избори. Што се однесува до формална соработка за следни избори, искуството во делот на предизборната соработка со СДСМ, не става во позиција двапати да размислиме за следен чекор за таква постапка. Во ситуација кога немаме некаква гаранција дека тоа што ќе го договоривме, зошто тоа што го договоривме предизборно воопшто не се реализираше кога бевме дел од владата и затоа излеговме и затоа ние повеќе ќе се потпираме на нашите партиски капацитети зошто во демократија гласовите се важни и правата мнозинство и според таа ситуација во собранието, тој што прави мнозинство ќе ги реализираме и нашите програмски определби во следната влада.
Целото интервју со градоначалникот на Тетово и лидерот на политичката партија БЕСА може да го погледнете во видеоснимката на почетокот на овој текст.