Шефовите на три американски медицински здруженија го повикаа претседателот Доналд Трамп да ги сподели критичните податоци за ковид-19 со тимот на избраниот претседател Џо Бајден за да се избегне какво било заостанување во справувањето со неконтролираното ширење на коронавирусот во земјата.
Писмото потпишано од раководителите на Американската медицинска асоцијација, Американското здружение на медицински сестри и Здружението на американски болници, му беше доставено на Трамп, бидејќи расте бројот на случаите на коронавирус во САД.
Видете и ова: Бајден предупреди дека администрацијата на Трамп не соработува„Податоците и информациите во реално време за набавка на терапевтски производи, материјали за тестирање, опрема за лична заштита, вентилатори, капацитет на болнички кревети и достапност на работна сила за да се планира понатамошно распоредување на имотот на нацијата, треба да се споделат за да се спасат безброј животи“, се вели во писмото.
Овој вонреден потег се случи кога Трамп продолжува да одбива да ги признае изборите, што го блокира споделувањето информации со тимот на Бајден.
Соединетите држави моментално се мачат од рекордни хоспитализации со ковид-19, кои се закануваат дека ќе го блокираат здравствениот систем. Бројот на починати од ковид-19 во просек е над 1.100 секојдневно.
Бидејќи седумдневниот просек на дневните случаи надминува 150.000, што е 80 насто пораст од пред две недели, мерките за ограничено движење постепено се враќаат во делови од земјата, како и наредбите за носење маски.
Рекордни нивоа на инфекции во САД
Здравствените власти ги предупредуваат Американците да не се собираат за празникот на Денот на благодарноста на 26 ноември, што ќе го влоши ширењето на вирусот.
Во Европа, неколкунеделните ограничувања почнуваат да го намалуваат темпото на ширење коронавирусот во некои земји, иако дневните стапки на инфекции и смртност остануваат големи, а болниците полни.
Дневниот број на случаи во Италија, Британија, Германија, Шпанија и Франција полека се намалува од врвовите достигнати на почетокот на ноември. Сепак, владите во Европа не се откажуваат од мерките пред претстојната зима.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во Франција, која помина 2 милиони случаи со ковид-19 досега, обидите за зауздување на пандемијата почнуваат да дејствуваат, но властите велат дека е прерано да се олесни нејзината втора национална блокада.
ЕУ ќе набави 300 милиони дози од вакцината против коронавирус
„Нашите колективни напори почнаа да вродуваат плод, бројот на нови случаи се намалува неколку дена. Ние мора да ги удвоиме нашите напори за да ја вратиме контролата врз епидемијата“, рече генералниот директор за здравство Жером Саломон.
Видете и ова: Ако со вакцината се почне во јануари, резултати видливи налетоТој рече дека начинот на кој луѓето го почитувале полицискиот час и заклучувањето го објаснува позитивниот тренд и земјата „мора да одржува многу високо ниво на претпазливост за да може безбедно да ги помине празниците на крајот на годината“.
Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека повеќето од тековните мерки за заклучување на земјата ќе останат до средината на декември, додека Австрија започна втора блокада на 17 ноември, вклучувајќи затворање на училиштата и продавниците.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ситуацијата во Германија е сеуште многу сериозна и изрази разочарување што федералните и државните лидери ја одложија одлуката за понатамошни мерки на заклучување до 25 ноември.
„Бројките на инфекции не растат повеќе, но сепак се премногу високи. Значи, ние мора да ги намалиме контактите“, рече Меркел за деловен настан.
За разлика од трендот во Европа, Русија не воведе нова блокада во целата земја, дури и кога за еден ден објави рекордно високи 442 нови смртни случаи поврзани со коронавирусот.
Во меѓувреме, светот доби вести за добредојде во изминатата недела со позитивни прелиминарни резултати за две вакцини ковид-19 од Pfizer и Moderna, но олеснувањето за многумина веројатно нема да биде достапно барем до почетокот на следната година.