Камења и молотов коктел кон Собранието, има повредени и приведени
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Ескалираа протестите против „францускиот предлог“ за откочување на македонските евроинтеграции. Група од стотина млади маскирани демонстранти со камења ги искршија прозорците на Собранието. Кон полицијата фрлија и молотов коктел. Полицијата ги разби протестите. Има повредени полицајци и приведени демонстранти.
На четвртиот ден протести против „францускиот предлог“ имаше илјадници луѓе. Кога почнаа судирите со полицијата, најголем дел од нив се разотидоа. Демонстрантите сметаат дека предлогот е неприфатлив зашто ќе ја бугаризира Македонија.