„Како Титаник“: Државата тоне, оркестарот продолжува да свири

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Додека либанскиот национален оркестар се подготвува за концертот за отворање на сезоната без половина од музичарите во своите редови, диригентот Лубнан Балбаки има дилема - да создаде парче за целосен ансамбл или да подготви дело за скратена верзија. Поради притисоците на економската криза, десетици музичари веќе го напуштиле оркестарот. Се проценува дека ефектите од финансиската криза во Либан ја почувствувале три четвртини од населението, кое сега страда од сиромаштија и едвај може да го обезбеди основното.