Како муслиманите ширум светот го прославија Рамазан Бајрам

Официјален претставник од Министерството за религија користи телескоп за да ја види новата месечина во Лок Нга, Индонезија, на 1 мај. Бидејќи исламот користи лунарен (хиџри) календар, гледањето на Месечината го одредува почетокот на Еид ал-Фитр, означувајќи го крајот на Рамазан.

Индонезијци го слават празникот во Џакарта на 1 мај.

Жените ги покажуваат своите тетоважи од Хена за време на прославата на Чанд Раат или „Ноќ на месечината“ во Катманду, Непал, на 1 мај. Прославата ги собира семејствата и пријателите во пресрет на Бајрам за да ја забележат новата месечина.

Албанците се подготвуваат за утринската молитва на првиот ден од Бајрам во Тирана на 2 мај.

 Албанци муслимани држат утринската молитва на првиот ден од Бајрам на плоштадот Скендербег во Тирана на 2 мај.

Жена и дете учествуваат во молитвата за Бајрам на стадионот Динамо во Букурешт на 2 мај.

Киргистанскиот претседател Садир Јапаров (третото десно) се моли меѓу верниците во центарот на Бишкек на 2 мај.

Палестинци закачуваат џиновски транспарент за време на молитвата за Рамазан Бајрам што го означува крајот на Рамазан на комплексот познат на муслиманите како Благородното светилиште и на Евреите како планината на храмот во Стариот град во Ерусалим на 2 мај.

Полицијата чува стража додека муслиманите присуствуваат на утринската молитва за Бајрам пред Централната џамија Соборнаја во Москва на 2 мај.

Пакистанско дете си игра со сандали за време на молитвата на Бајарам во Пешавар на 2 мај.

Муслимански девојчиња присуствуваат на молитва за Бајрам во парк во мешаниот арапско-еврејски град Јафа на 2 мај.

Босански муслимани учествуваат во молитвата за Бајрам пред џамијата Гази Хусрев-бег од 16 век во Сараево на 2 мај.

Косовско момче се моли во Големата џамија во Приштина на 2 мај
 

Египетски муслиманки прскаат пена една врз друга по молитвата на првиот ден од Бајрам во Каиро на 2 мај.

Луѓе се сликаат откако присуствуваа на молитвата за Бајрам во Букурешт на 2 мај.

Пакистанските деца си играат со пиштоли играчки за време на прославите на Еид ал-Фитр во Пешавар на 2 мај.

Продавачите поставија балони за продажба пред портата на Дамаск во Стариот град во Ерусалим за да го одбележат крајот на светиот месец Рамазан на 2 мај.