Како бетонот ги замени дрвјата во Белград

Според урбанистичкиот план од 1974 година, за еден жител на Белград, до 2000 година требаше да има 45 квадратни метри зеленило по глава на жител. Денес, сегашниот план за регулирање на зелените површини, кој беше усвоен од градското собрание во 2019 година, предвидува 23 квадратни метри при планирање на нови станбени населби и комплекси.