Казнети и отпуштени од работа: Руски наставници се побуниле против војната
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Низ Русија, наставниците кои зазедоа став против војната беа отпуштени од работа и обвинети од властите. Во Волгоград, Роман Мелниченко размислува да емигрира - веројатно кај родителите во Украина. Марина Дуброва од Сахалин, на далечниот исток на Русија, беше изведена на суд откако нејзини ученици ја пријавиле кај властите.