Тензиите траат во Казахстан со години, но никој не мислеше дека протестот на десетици луѓе во западниот град Жанаозен на 2 јануари ќе доведе до масовни демонстрации ширум земјата кои го соборија премиерот, а демонстрантите ќе влезат во владините згради и ќе разоружуваат полицајци и војници.
Но, удвојувањето на цените на горивото во Жанаозен беше само поттик за очајот што Казахстанците го чувствуваат по долгогодишната владина корупција, лошите економски услови во земјата богата со природни ресурси и отсуството на слободни и фер избори.
Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Казахстан
На луѓето во Казахстан конечно им беше доста од неисполнетите ветувања на нивната авторитарна влада за вистинска реформа. Во пролетта 2016 година, илјадници луѓе демонстрираа низ Казахстан против владините реформи за приватизација на земјиштето, што предизвика гласини дека земјиштето ќе го купат странци, особено Кинези.
Видете и ова: Мировни трупи предводени од Русија влегле во КазахстанНо, имаше и други прашања. Едно од најистакнатите на постојано растечката листа на барања на демонстрантите беше отпишувањето на долговите за оние кои подигнаа заеми во странска валута непосредно пред владата да дозволи националната валута -- тенгето -- да поевтини и да изгуби половина од вредноста.
На тоа беше додадена и лошата инфлација што се случи кога тенгето падна од 182 за еден американски долар на 340 тенге/долар на крајот на 2015 година, што влијаеше врз речиси секој во Казахстан по што повеќе луѓе излегоа на протести во пролетта 2016 година.
Владата го повлече предлогот за земјишни реформи, работеше со банките за да го намали товарот на должниците и ги зголеми платите и социјалните бенефиции. Но, тие измени само делумно ги решија проблемите на народот.
Во март 2019 година, првиот претседател на Казахстан Нурсултан Назарбаев поднесе оставка и го предаде раководството на земјата на долгогодишниот пријател и поддржувач Касим-Жомарт Токаев.
Еден од првите потези на Токаев беше преименување на главниот град Астана во Нур-Султан во чест на Назарбаев. Тој, исто така, ја именуваше ќерката на Назарбаев, Дарига, за претседател на Сенатот, втора највисока функција во земјата.
Тие потези налутија многу Казахстанци кои мислеа дека долгото владеење на семејството Назарбаев навистина е завршено, што ги поттикна луѓето да протестираат поради новото име на главниот град и возвишеното назначување на Дарига.
Повторно имаше протести пред и по предвремените претседателски избори на 9 јуни 2019 година, бидејќи луѓето повторно ја искажаа својата фрустрација од оркестрираната промена на раководството во која не играа никаква улога.
Иако Токаев вети промени, Назарбаев остана главната сила во казахстанската политика во неговата нова моќна улога како секретар на Советот за безбедност. Во голем потег да се дистанцира од минатото, Токаев вчера го отстрани 81-годишниот Назарбаев, од моќната функција во Советот за безбедност.
Претседателот на Казахстан го потпиша законот за масовна амнестија
Можеби најважно е што сите обиди за реформи од страна на Токаев постојано не беа она на што се надеваа луѓето. Избувнувањето на пандемијата на коронавирус им даде на властите причина да ги спречат луѓето да се соберат на демонстрации.
Но, протести се одржаа пред и по изборите за Мажили -- долниот дом на парламентот на Казахстан на 10 јануари 2021 година. Резултатите од тие недемократски избори покажаа дека истите провладини партии освоија пратенички места во гласањето на кое опозициските партии во голема мера беа задржани да не учествуваат.
Видете и ова: Токаев го тргна Назарбаев од претседател на Советот за безбедностДополнително на фрустрацијата на народот од тие монтирани избори е фактот што казахстанскиот народ дури и не може да гласа за членовите на Сенатот.
Речиси во исто време, терминот „котел“ влезе во лексиконот на Казахстан, бидејќи полицијата сè повеќе ја користеше тактиката да ги опкружува демонстрантите и да не дозволува никого да влезе или излезе од опкружена област од која било причина - понекогаш и многу часови - во обид да ги фрустрира демонстрантите.
Беше донесен нов закон за јавни собири кои беа далеку од очекувањата, бидејќи со него се предвидува претходно одобрување од властите за какви било собири и такво одобрение речиси никогаш не им беше дадено на групите кои планираа да демонстрираат против владините политики.
Наместо тоа, властите почнаа да вршат превентивни рации врз активисти и организатори на митинзи, приведувајќи ги луѓето неколку дена пред демонстрациите што беа организирани на социјалните мрежи и држејќи ги под лажни обвиненија додека не завршат собирите.
Во меѓувреме, ниту еден од социо-економските проблеми на кои се жалеа луѓето никогаш не беше целосно решен. Иако одредени социјални бенефити беа подобрени, луѓето не добија сè што бараа.
Цените скоро на сѐ се зголемија во 2021 година, предизвикувајќи најголем број работнички протести и штрајкови во Казахстан во повеќе од 20 години. Вработените добија мали отстапки за нивните барања, но тие не беа задоволни и често повторно штрајкуваа.
Кога Назарбаев се повлече, се зголемија очекувањата дека Казахстан ќе започне нова ера во која луѓето ќе имаат поголема улога во политиката и нивните животи значително ќе се подобрат. Но, речиси три години подоцна, ништо од тоа не се случи за време на Тоќаев и резултатот е моменталната ситуација на масовни протести на фрустрираното население.
Вила во Турција, школо во Швајцарија, бентли... Пратеникот кој прима само плата
На многу луѓе сè уште им е тешко да врзат крај со крај во земја која поседува огромни количества енергетски ресурси, и додека работат напорно, има сѐ повеќе извештаи за неверојатното богатство на семејството и пријателите на Назарбаев и луксузниот живот што го водат.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
И политичкиот систем продолжува да го исклучува народот. Неколку опозициски групи се обидоа да регистрираат нови политички партии, но безуспешно.
Кажано беше дека во Жанаозен, каде што започнаа неодамнешните протести, службениците испратени од владата биле избркани.
Видете и ова: Приведен уште еден новинар на РСЕ на протестите во КазахстанТоа се случи минатото лето кога функционери од две провладини партии отидоа да се сретнат со нафтените работници кои штрајкуваа. Тие им рекоа: „Ние сме пратеници кои вие ги избравте“, на што работниците кои штрајкуваат одговорија: „Вие сте именувани на вашите функции - народот не ве избрал“.
Се чини дека таквото чувство го зафати цел Казахстан. Казахстанските зборови „Шал кет“ или „оди си старецу“ сѐ почесто се слушаат во последниве години во Казахстан и, ако на почетокот се однесуваа конкретно на Назарбаев, тие сега значат ригиден систем на управување што Назарбаев го создаде за време на неговите 28 години како претседател на Казахстан - систем кој се одржуваше дури и без Назарбаев официјално на чело.
Тековните протести -- без преседан по размери за Казахстан -- се народен израз на недоверба на владата. И се чини дека половината ветувања и делумните отстапки што функционерите му ги прават на казахстанскиот народ нема да имаат ефект.