Поради пандемијата со корона вирусот која ја погоди економијата дел од синдикатите се уште не знаат дали владата има испланирано пари за регрес за вработените во државната администрација, но нагласуваат дека тие нема да се откажат од овој надомест.
Трпе Деаноски од Синдикатот на Органите на управата ни изјави дека во тек се разговори на Синдикатот со Владата во врска со исплата на регрес за годишен одмор на вработените од државната администрација кои се финансираат од државниот буџет.
Од досегашните разговори добиле впечаток дека Владата не е многу задоволна од барањето на синдикатот, но Деаноски дополнува дека разговорите ќе продолжат и се надеваат дека ќе завршат позитивно.
„Настанува проблем поради пандемијата и економската криза, моментално имаме разговори со владата и Министерството за администрацијата и информатичко општество да изнајдеме начин како да се исплати ова право. Имаме моментално различни ставови. Ние тврдиме дека Владата е обврзана да го исплати износот од 9 илјади денари за оваа група, но бараме начини како тоа да се направи и да нема последици врз буџетот“, вели Деаноски.
Видете и ова: Македонски парадокс – во ек на криза просечната плата зголемена за 2 илјади денари
Вработените во приватниот и во јавниот сектор до крајот на оваа година треба да ја добијат исплатата на регрес за годишен одмор, К-15, чија сума секоја година се утврдува во зависност од вистината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните три месеци пред датумот на исплата.
Обврската за исплата на регресот за годешен одмор на вработените во државната администрација Синдикатот на органите на управата ја договори по пат на склучување на колективен договор со владата на почетокот на годината. Ова беше прв договор, по 20 година со кој Синдикатот, меѓу другото, успеа да го врати правото на регрес за годишен одмор за државните службеници. Според тој договор, државата до крајот на годината треба да им исплати надомест од по 9 илјади денари на 27 илјади вработени во министерства, агенции, фондови.
Изостанувањето на парите за регрес за вработените во државниот сектор би предизвикалко незадоволство меѓу членството во Синдикатот, вели Деаноски.
А, додека кај нас течат преговори, властите во земјите од регионот веќе ја потврдиле нивната желба работниците од јавниот сектр да не ги остават без овој надомест во ек на пандемијата.
„Контактиравме со синдикатите на Србија, БИХ и на Црна Гора и во тие држави регресот веќе е исплатен. На ниту еден вработен без разлика дали е од приватен или од јавен сектор нема да не му се исплатени правата и нема задржување, односно неисплата на додатоци на плата, се надеваме дека тоа и кај нас ќе биде така“, ни кажа Деаноски.
Фирми кои имаат пари на завршната сметка да испалатат К 15, бараат работодавачите
Пандемијата тешко ги погоди поголемиот дел од фирмите во приватниот сектор, но има и домашни фирми кои остваруваат и поголеми профити од претходно.
Работодавачите чии фирми имаат загуби велат дека не знаат како да им исплатат надомест за годишен одмор на работниците до крајот на годината, укажувајќи дека 70 проценти од приватните компании во државата работат со загуби или намален профит.
Миле Чупетрески од Прилеп е сопственик на туристичка агенција, автобуска станица за меѓуградски превоз и сервис за рачен електричен алат. Од трите негови фирми кои тој вели дека оваа година поради пандемијата само во една е остварен профит од кој може да издвои пари за исплата на К- 15 за вработените.
„Јас сум сопственик на сервис кој добро работи и нормално ќе исплатам К- 15 поради тоа што работниците тоа го заслужија, а и законска обврска е, но сепак имам и друга фирама која не работи профитабилно и е во загуба, така што таа фирма и со кредит не може да исплати К- 15“, ни изјави бизнисменот Чупетрески.
На фирмите кои немаат заработувачка, тој бара државата да им овозможи пролонгирање на рокот за исплата на К-15 или да им даде поддршка преку овозможување на неповратни кредити. Тој вели дека редовно им исплаќал К-15 на вработените во сите три фирми, но оти сега приходите кои ги остваруваат се драматично намалени и едвај стигнуваат за плата на вработените.
„Имам и автобуска станица за меѓуградски превоз. Таа е во колапс, 3 месеци веќе е затворена. Нема јавен меѓуградски превоз, автобуската е со 10 вработени, а треба да исплаќам и плата. Работата со транспорт е со 50 отсто капацитет, а протокот на луѓе е 20 проценти поради пандемијата. Туристичките агенции,пак, знаете немаат никави приходи, имам по двајаца - тројца вработени. Имам и другари кои имаат ресторани, хотели, нема свадби и таму ситуацијата е уште полоша“, вели тој.
Видете и ова: Сивата економија не ја одминува ни онлајн продажбатаМиле Бошков од Конфедарацијата на работодавачите вели дека колективниот договор ги задолжува работодавачите да исплатат регрес за годишне одмор. Бошков вели дека надомест за К-15 може да исплаќаат оние компании за кои од завршната сметка може да се види дека имаат приходи и остварен доход кој ги надминува трошоците за К-15, но за другите компании тој наведува поинакви решенија.
„Најважно е да се знае ако работодавачите немаат можност да исплаќаат К- 15, треба да ги известаат своите работници односно синдикатот на таа фирма. Да ги информираат за состојбата, дали можат или не можат да исплатат и да покажат факт од завршната сметка. Но, работодавачите манипулираат и не ја покажуваат. И работниците тоа може да го обжалат“, вели Бошков.
И работодавачите со финансиски проблеми да исплатат К-15, но во помал износ
Но, од Синдикатот коментираат дека и многу работници, исто така, останаа без работа за време на пандемијата, дека на многумина што работат им се намалени платите и дека за многу од нив надоместот за регрес за годишен одмор им е приход потребен за егзистенција.
Во однос на приватниот сектор Трпе Деаноски од Синдикатот на органите на упрвата вели дека, според измените на анексот на колективниот договор, приватните работодавачи имаат право ако имааат загуби да исплатат помал износ на регрес од оној што е утврден со колективниот договор. Но, тој посочува дека работодавачите не смеат да не исплатат никаков износ.
„Може да пријават дека се во финансиска криза и да исплатат помал износ, но не смеат да не исплатат износ. Многу од работниците имаат намалени плати и овој регрес ќе им биде добредојден за нивната матријална положба“, вели Деаноски.
Видете и ова: Економска дипломатија за вдомување партиски кадри?Премиерот Зоран Зев деновиве во однос на приватниот сектор рече дека законите и колективните договори се јасни и треба да се почитуваат докрај.
„Оние правни субјекти кои нема да остварат добивка немаат обврска да исплатат К-15 и други издатоци. Таму каде ќе остварат добивка се должни да го почитуваат законот и колективниот договор. Така што голем дел од компаниите оваа година нема да покажат добивка и тоа на нас ни е јасно и затоа аконтациите на данок на добивка се одложуваат и таму согласно законот го имаат и баферот да не се исплати К-15“, рече премиерот Заев деновиве одговарајки на новинарско прашање.
Сепак, тој апелираше дури и оние фирми што оваа година нема да покажат добивка, а имаат финансиски резервоари создадени од претходни години, да исплатат К-15, додавајќи дека тоа е поддршка кон работниците и граѓаните, а за економијата значи зголемена потрошувачка моќ.
Инаку, најниската сума што приватните компании оваа година треба да им ја исплатата на своите вработени како регрес за годишен одмор се искачи на 10.956 денари.
Растот на К-15 го предизвика зголемувањето на просечната нето плата во државата за 8 проценти кој е регистриран оваа година во однос на лани и покрај кризата предизвикана од ковид-19.