Повеќе од 10 насто од пациентите се заразуваат од некој што го има вирусот, но сè уште нема симптоми, покажува студијата, во која се наведува дека многу брзо ќе има нови појави на избувнување на КОВИД-19 кои тешко ќе можат да се запрат.
Во трудот објавен во списанието Emerging Infectious Diseases, истражувачите го пресметале како што го нарекуваат “серискиот интервал на вирусот”.
Станува збор за времето потребно симптомите да се појават кај две лица со вирус: лицето кое заразува друго и заразеното второ лице.
Истражувачите откриле дека просечниот сериски интервал за новиот коронавирус во Кина бил приближно четири дена.
Брзината на епидемија зависи од две работи - колку луѓе заразува секој случај и колку време трае за да се шират случаите.
Американска компанија направи петминутен тест за коронавирус
Научниците првата вредност ја нарекуваат репродуктивен број; додека втората сериски интервал.
Краткиот сериски интервал на КОВИД-19 значи дека епидемијата ќе расте брзо и би било тешко да се запре, велат истражувачите.
“Еболата има сериски интервал од неколку недели и е полесно да се спречи од ширењето на грипот, со сериски интервал од само неколку дена. Одговорните за епидемијата на ебола имаат многу повеќе време да ги идентификуваат и изолираат случаите пред да заразат други “, вели Лорен Ансел Мејерс, професор по интегративна биологија на Универзитетот во Остин, Тексас.
„Податоците сугерираат дека овој коронавирус може да се шири како грип. Тоа значи дека треба да дејствуваме брзо и агресивно за да ја спречиме заканата“.
Мејерс и нејзиниот тим испитале повеќе од 450 извештаи за случаи на инфекција од 93 градови во Кина и откриле дека сепак најсилниот доказ е дека луѓето без симптоми го пренесуваат вирусот.
Ова е познато како пред-симптоматски пренос.
Според весникот, повеќе од еден од 10 инфекции дошле од луѓе кои го имаат вирусот, но сè уште не се чувствувале болни.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Претходно, истражувачите имаа одредена неизвесност во врска со асимптоматскиот пренос со коронавирусот.
Овој нов доказ може да обезбеди насоки за надлежните лица во јавното здравство за тоа како да го спречат ширењето на болеста.
„Ова дава доказ дека може да се преземат обемни контролни мерки, вклучувајќи изолација, карантин, затворање на училишта, патни ограничувања и откажување на масовни собири“, вели Мејерс.
Зошто некои не сакаат да останат дома во време на пандемија?
Мејерс посочува дека со илјадниците нови случаи што се појавуваат низ целиот свет секојдневно, податоците со текот на времето може да понудат поинаква слика.
Извештаите за случаите на инфекција се засноваат врз сеќавањата на луѓето за тоа каде се движеле и со кого имале контакт.
Ако здравствените службеници брзо ги изолираат пациентите, може да се намали бројот на инфекции.
„Ова ни кажува дека појавите на КОВИД-19 можат да бидат непредвидливи и да бараат екстремни мерки“, вели професор Мејерс.