Стотици трошни пикап-камиони преполни со мажи, жени и деца секојдневно заминуваат од Заранџ, главниот шверцерски град во Авганистан. Од Заранџ кој е и главен град на далечната југозападна провинција Нимроз - возилата свртуваат на југ, низ жешката пустина и ја минуваат порозната граница со Пакистан.
Во пограничниот град Дак, во југозападната пакистанска провинција Балучистан, шверцерите ги префрлаат Авганистанците во Иран. Други им плаќаат на шверцерите за да ги однесат до Турција, од каде некои ќе се надеваат дека ќе стигнат до Западна Европа.
САД испраќаат 3.000 војници во Авганистан за евакуација на дипломатите
Патувањето е опасно. Авганистанците кои нелегално ги преминале границите во регионот се апсени, тепани, па дури и убивани од граничари, шверцери и криминални банди. Други умреле од болести и истоштеност.
Но, за многу Авганистанци кои бегаат од зголеменото насилство од Талибанците вреди да се ризикува за остварување на нивните соништа за безбедност и работа. Бројот на Авганистанците кои бегаат во странство се зголеми откако Соединетите држави во април годинава објавија дека ќе ги повлечат сите свои сили од Авганистан.
Пред крајниот рок на 31 август, Талибанците започнаа офанзива и освоија големи територии од владините сили. Напредок на талибанците расели десетици илјади луѓе и го турна Авганистан кон работ на хуманитарната криза.
Видете и ова: Талибанците го зазедоа и вториот по големина град во Авганистан, Кандахар„До 450 пикапи, со околу 10.000 луѓе, секој ден го напуштаат Заранџ“, вели Дејвид Менсфилд, независен истражувач, автор на претстојниот извештај за Институтот за развој во странство, тинк-тенк со седиште во Британија, кој ги мапира изворите на приходи на различни актери во авганистанскиот конфликт, вклучително и профитабилната трговија со криумчарење луѓе.
„Видовме скоро двојно зголемување по најавата за повлекување на САД и по напредувањето на Талибанците“, додава Менсфилд, чие истражување вклучува сателитски снимки и интервјуа со возачи и патници. „Тоа е тешко патување и кажува многу за тоа колку луѓето се очајни“, вели тој.
Бегство кон Запад
Според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), има голем пораст - меѓу 30 до 40 проценти - на бројот на Авганистанците кои бегаат од земјата во изминатиот месец.
Ник Бишоп, службеник за итни случаи во ИОМ, вели дека порастот се должи на „неодамнешното повлекување на меѓународните трупи и последователното брзо влошување на безбедносната состојба низ целата земја“.
САД: Авганистанците треба да си ја бранат државата
„Пред почетокот на повлекувањето на 1 мај, околу 750.000 до милион Авганистанци - претежно на возраст меѓу 18 и 26 години - мигрирале секоја година преку шверцери на луѓе или други неформални средства, претежно во Иран, Турција, регионот на Заливот, и Европа“, вели Бишоп.
„Сепак, најновото ширење на конфликтот натера значително голем број семејства да бегаат во странство и преку нередовни канали“, додава тој.
Видете и ова: Талибанците би можеле да го заземат Кабул за 90 денаСе проценува дека приближно 20.000 до 30.000 авганистански државјани и 600 до 700 семејства сега мигрираат во странство секоја недела. „Со овие стапки, во 2021 година може годинава да има до 1,5 милиони Авганистанци кои ќе бегаат кон запад во потрага по заштита, безбедност и работа“, вели Бишоп.
Податоците, собрани преку анкети на над 33.000 авганистански мигранти непосредно пред да заминат за Иран, покажуваат дека околу 81 процент имале намера да останат во Иран, проследено со 12 проценти кои планирале да патуваат за Турција, околу 4 проценти за Европа и само 2 проценти во Пакистан.
Главните двигатели на миграцијата се конфликтот и недостатокот на работни места. Повеќето од Авганистанците кои бегаат во странство се од 14 од 34 провинции во Авганистан. Тие се сериозно погодени од големата воена офанзива на талибанците во последните месеци.
Нема изгледи за мир
„Живееме во мизерија“, вели Хафизулах Насери, жител на покраината Кундуз, кој се подготвува да избега во странство. „Нема изгледи за мир. Војната само продолжува и продолжува. Значи, мора да одиме во безбедна земја“.
Талибанците убиле млада жена бидејќи носела тесна облека
Овој 45-годишник вели дека неговото шестчлено семејство го продаде имотот за да им плати на шверцерите за да ги однесат во Иран.
Талибанците веќе имаат под контрола две третини од територијата на Авганистан, а според последните проценки, тие за три месеци би можело да го освојат и главниот град Кабул.
Видете и ова: Кои се Талибанците и како функционираат?Стотици жители се убиени или ранети, а зголемениот број на оние кои заминале или избегале од насилството или биле присилени од талибанците, кои ги користеле напуштените домови како позиции од кои пукале кон владините сили.
„Ситуацијата е ужасна, Ова не е место за живеење. Има војна и нема работа. Постојат стотици семејства како моето, кои заминуваат во странство“, вели Амир Кан Лудин, друг жител на Кундуз. Мохамад Ханиф Јар управува аптека во јужниот град Кандахар, втор по големина град со околу 600.000 жители.
„Никој не е безбеден. Ниту едно семејство или имот не се безбедни. Безбедноста се влошува од ден на ден“. Јар вели дека има намера да го направи опасното патување кон Европа.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Ниту една земја нема да ми даде виза, па затоа ќе одам илегално. Ние ги разбираме ризиците и тешкотиите. Но, не можеме повеќе да живееме со превирањата и несигурноста на војната. Каков живот живееме? Ние исто така имаме право да живееме во мир, вели 26-годишниот Јар.
Хуманитарна криза
ОН предупредија на „заканувачка хуманитарна криза во Авганистан, бидејќи ескалацијата на конфликтот носи зголемено човечко страдање и цивилно раселување“.
Околу 270.000 Авганистанци се внатрешно раселени од јануари 2021 година, со што вкупниот број раселени Авганистанци се искачи на 3,5 милиони, а речиси половина од 38 милиони жители на Авганистан имаат потреба од хуманитарна помош. Со интензивирање на војната, соседите на Авганистан се подготвуваат прилив на нови авганистански бегалци и мигранти.
Пакистан е домаќин на скоро 2 милиони Авганистанци, бегалци од четири децениска војна во нивната татковина. Пакистанскиот советник за национална безбедност, Моид Јусуф, изјави дека земјата „не е во позиција да прифаќа повеќе бегалци“, додавајќи дека ОН треба да градат бегалски кампови на авганистанската страна на границата. Пакистан огради околу 90 проценти од својата спорна граница со Авганистан, долга 2.670 километри, што го отежнува илегалното прекугранично патување.
Иран, најпопуларната дестинација за авганистанските бегалци и мигранти, според ОН, е домаќин на околу милион Авганистанци. Многу Авганистанци таму немаат правен статус и се лишени од основните права. Повеќе од 604.000 Авганистанци кои живеат во Иран се депортирани или доброволно се вратени дома во 2021 година, според ИОМ.
Во потег насочен кон спречување на нов бран бегалци во Авганистан, иранските пратеници во ноември предложија ново законодавство што ќе воведе строги затворски казни за мигрантите без документи и ќе им овозможи на службениците за безбедност да пукаат во возилата за кои постои сомневање дека ги носат.
Турција бара поддршка од САД за аеродромот во Кабул
Турските медиуми јавуваат дека во последните неколку недели дневно преку 1.000 Авганистанци преминувале во Турција, преку Иран. Анкара гради ѕид долж границата со Иран за спречување на зголемениот проток на авганистански бегалци и мигранти. Проценка е дека скоро 200.000 бегалци од Авганистан веќе живеат во Турција.
Турските безбедносни сили приведоа скоро 1.500 нерегуларни мигранти во последната недела, повеќето Авганистанци, во близина на југоисточната граница со Иран, соопштија официјалните лица на 19 јули.
Видете и ова: Талибанците лажат, тврди официјален КабулЕвропската унија тежи кон нова парична помош за Авганистан, Пакистан и Иран за да се ограничи протокот на авганистански бегалци во Унијата. Европски официјален претставник рече дека целта е да им се помогне на бегалците да бидат поблиску до дома и да се избегне нов проток на баратели на азил кон ЕУ. Таџикистан соопшти дека е подготвен да прифати до 100.000 бегалци од Авганистан.
Нешто повеќе од 1.000 авганистански цивили живеат во сиромашната централноазиска држава. Стотици авганистански војници кои избегаа во Таџикистан се пренесени во Кабул.
Авганистанската влада на 11 јуни побара европските земји да ја запрат депортацијата на авганистанските баратели на азил во следните три месеци поради зголеменото насилство во Талибанците. Германија, Финска, Шведска и Норвешка соопштија дека привремено ќе ги запрат тие депортации.
Нашите семејства се во опасност
И покрај пречките за да стигнат во странска земја, Авганистанците продолжуваат да прават планови да ја напуштат својата татковина. Во Кабул илјадници луѓе се редат надвор од канцеларијата за пасоши дневно, понекогаш со денови, за да добијат патни исправи.
Голем број истакнати новинари, активисти и поранешни вработени во владата заминаа во последните месеци. Оние што ќе бидат одбиени за виза или немаат средства за патување, го продаваат својот имот или позајмуваат пари за да им платат на шверцерите за да ги однесат надвор од Авганистан.
Еден од нив е Јама Ајуби, 26-годишник, кој реши да го напушти својот дом во Кабул и да емигрира. „Нашите семејства се во опасност“, вели тој. „Ако останеме, ќе станеме жртви на терористичките групи кои ја уништуваат нашата земја“. Масуд Азизи, вработен во градежна и логистичка компанија во Кабул, живее во соништата да стигне до Европа.
„Нема да ми биде дадена виза за Европа“, вели тој. „Значи, ќе одам илегално. Сите сме слушнале за ризиците и опасностите. Но, што друго можеме да сториме? Сите сме во опасност. Немаме избор“.