Икони на панцири: Украинската православна црква ги освети специјалните панцири

Икона насликана на панцир, погодена од куршум, беше прикажана на церемонијата во храмот Свети Михаил во Киев.

„Ова е првата серија панцири. Тоа не се само панцири. Тие им ги спасија животите на нашите бранители“, изјави Олександр ковалчук, коосновач на фондацијата Украина за хероите.

Станува збор за креативност, за уметност, за обединување на луѓето и оружените сили, за вреба во победата, верба во Господ, изјави Ковалчук.

Митрополитот Епиханиус, на церемонијата ги благослови православните икони.

Иконите на панцири беа и осветени. 

Свештениците ги гледаат овие необични икони.

Иконите се дел од проектот ArtArmor чие мото е - уметноста е посилна од оружјето.
Планираат да ја прошират колекцијата и во други региони во Украина.

Иконите ќе патуваат и во Соединетите Американски Држави, на молитвен појадок и донаторска акција за собирање средства за Украинската армија.

Украинската православна црква ги благословува иконите насликани на панцири, кои им ги спасуваат животите на украинските војници во борбата против окупаторските руски сили.