Изморени, но не и поразени - Украински војници од фронтот во Бахмут

Калливо лице на украински војник кој се вратил од борба во близина на Бахмут, 15 април.

Украинските борци сè уште го контролираат источниот град Бахмут, кој е под опсада на Русија, додека интензивните борби се водат меѓу украинските и руските воени сили.
 

Додека интензивните борби продолжуваат со несмалено темпо, украинските сили ги распоредуваат своите војници на непозната локација за да можат да се одморат и да се опорават пред да се вратат во борба

Руското Министерство за одбрана на 16 април објави дека платеничките единици на руската паравоена група Вагнер зазеле уште два градски блока во северозападниот и југоисточниот дел на Бахмут. Тврдењето не можеше да се потврди независно

„Крвави битки, без преседан во последните децении, се водат во средината на урбаното подрачје на градот“, изјави Серхи Шеревати, портпарол на источната воена команда на Украина.

„Нашите војници прават сè во крвавите и жестоки борби за да ја урнат борбената способност (на непријателот) и да го скршат неговиот морал. Секој ден, во секој агол на овој град, тие го прават тоа успешно“, изјави тој за телевизискиот канал 1+1.

Се чинеше дека украинските сили ќе го напуштат Бахмут на крајот на февруари, но во март тие најавија дека ќе продолжи да се бори со цел да им нанесе поголема штета на силите на Москва

Сликата покажува униформа, со главата на рускиот претседател Владимир Путин поставена на украинскиот трозабец, што ја носи војник кој штотуку се вратил од Бахмут

Германски овчар по име Бас ја придружува минофрлачката единица „Еделвајс“ по враќањето од тешките борби кај Бахмут. Единицата го спасила кучето за време на мисија во близина на Киев минатото лето и оттогаш тој патува со нив на различни локации долж линијата на фронтот

Украинските власти признаваат дека нивните сили платиле висока цена во сила и ресурси во одбраната на „тврдината Бахмут“, град во кој пред војната имало околу 70.000 луѓе. Бруталниот конфликт е наречен најкрвавата пешадиска битка од Втората светска војна

Украинските војници почиваат во своето скривалиште, 14 април.

Преземањето на контролата врз „мелницата за месо“, како што се нарекува Бахмут, каде што се проценува дека се убиени илјадници војници од двете страни, би била во голема мера симболична победа за Москва. Ова, сепак, ќе им овозможи на руските сили да се фокусираат на украинските гарнизони околу Хасив Јар и подлабоко во регионот Доњецк, каде што се  Краматорск и Славјанск.

Неискористени минофрлачки гранати се гледаат во близина на местото за готвење на украинските сили во близина на Бахмут

Украински војници подготвуваат јадење во едно од нивните скривалишта во близина на фронтот
 

Икона на ѕидот во едно од украинските сривалишта во близина на фронтот кај Бахмут

Украински војник пуши цигара откако се вратил од тешки борби кај Бахмут, 15 април.

Украина навести дека наскоро ќе започне контраофанзива за да врати повеќе територии. Сепак, стартот беше одложен поради комбинација на фактори, вклучувајќи ги временските услови, бавната испорака на опрема и недоволната муниција, соопшти Киев