Водечките политички партии, Демократскиот сојуз на Косово, Движењето Самоопределување и Демократската партија на Косово тврдат дека токму „нивната Влада“ ќе издејствува признавање на Косово од Србија.
Што вели Хоти?
Кандидатот за премиер во име на Демократската лига на Косово, Авдулах Хоти, кој е и актуелен премиер, во интервју за РСЕ на 9 февруари рече дека неговата Влада има јасни принципи за дијалог уште од самиот почеток, односно дека во Брисел се преговара за конечен договор, што подразбира признавање на двете страни без можност за дискусија за територијалниот интегритет.
„Започнавме процес на дијалог за овие принципи и постигнавме резултати. Сега, писмото од претседателот на САД Џо Бајден до Србија потврдува дека сме биле во право за овие принципи во однос на дијалогот“, рече Хоти.
Видете и ова: Косово пред нови избори, владата била изгласана незаконскиВеднаш по стапувањето на должноста премиер на Косово на почетокот на јуни 2020 година, Авдулах Хоти ги укина реципрочните мерки против Србија воведени од владата на Албин Курти наместо 100-процентниот данок за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина. Данокот беше воведен во 2018 година од тогашниот премиер Рамуш Харадинај.
Така, дијалогот беше обновен во јули 2020 година по две години стагнација и беа покренати некои нови теми, како што се прашањето за раселените и исчезнати лица, финансиските побарувања и имотите.
Говорејќи за договорот во Вашингтон што Косово и Србија го потпишаа во Белата куќа во минатиот септември, Хоти повтори дека станува збор за „историски договор што го зајакнува суверенитетот на Косово и овозможува нови признавања на независноста“.
Врховниот суд на Косово: Курти нема право на учество на изборите
„Тоа е историски договор кој никој не може да го оспори. Новата американска администрација го потврди тоа, државниот секретар Ентони Блинкен целосно го поддржа овој договор и тој ќе се спроведува во следните четири години“, рече Хоти.
А што е со Хоџај?
Во интервју за РСЕ на 5 февруари, кандидатот на Демократската партија на Косово Енвер Хоџај подвлече дека главната тема во дијалогот со Србија мора да биде меѓусебното признавање и оцени дека Косово нема да добие нешто од дијалогот на техничко ниво.
Хоџај верува дека неговото лично познанство со американскиот претседател Џо Бајден, американскиот државен секретар Ентони Блинкен, директорот за национална безбедност Џејк Саливан и германската канцеларка Ангела Меркел може да придонесе за конечен договор меѓу Косово и Србија.
Видете и ова: Бајден: САД ќе поддржат постигнување на траен договор со Косово„Косово мора да ја искористи историската можност во 2021 година, додека таму се претседателот Џо Бајден и канцеларката Меркел, да склучат дијалог меѓу Косово и Србија со меѓусебно признавање. Пријателите на Косово стареат, новите генерации влегуваат во политиката, вниманието е на Косово“, вели Хоџај, наведувајќи дека претходните влади, односно владите на Рамуш Хардинај, Албин Курти и Авдулах Хоти, само губеа време во дијалогот.
Тој исто така посочува дека некои од поранешните премиери на Косово биле против Вашингтон, Брисел, Париз и Берлин и дека Косово претрпело последици поради тоа.
Каков е ставот на Абази?
Кандидатот за премиер на Косово на движењето Самоопределување, Албин Курти, не одговори на поканата за интервју за РСЕ, објаснувајќи дека тој бил целосно ангажиран во самата кампања.
Поранешниот вицепремиер и кандидат за пратеник на таа партија Хаки Абази, изјавува дека Курти ќе води дијалог со Србија за меѓусебно признавање. Тој го повтори претходниот став на партијата дека владата предводена од Курти ќе ги преразгледа сите договори постигнати досега меѓу Косово и Србија, со посредство на Европската унија.
Косово - проверката на гласачите во дијаспората и изборниот хаос
„Сите потпишани договори ќе бидат прегледани за да се види што е имплементирано и што е заглавено. Пристапот на владата на Курти кон дијалогот ќе биде во рамките на дефиницијата за меѓусебно признавање. Нема да има дијалог за внатрешните работи на Косово, туку за отворените прашања меѓу две еднакви соседни држави“, рече Абази за РСЕ.
Видете и ова: Косово со амбасада во Ерусалим, дали Србија ќе ја премести од Тел Авив?Тој исто така верува дека администрацијата на Бајден нема да инсистира на строго спроведување на договорот од Вашингтон што Косово и Србија го потпишаа во присуство на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
„Ние ќе инсистираме медијаторите, односно меѓународната заедница, Соединетите држави и ЕУ да обезбедат гаранции во врска со прашањето за дијалог, отворените прашања меѓу Србија и Косово да бидат затворени еднаш засекогаш“, рече Абази.
Оценки на аналитичарите
Извршниот директор на организацијата ЦивиКос од Приштина, Доника Емини, проценува дека водечките политички партии во Косово избегнуваат да зборуваат за дијалогот со Србија за време на изборната кампања и забележува дека тие немаат ништо конкретно во нивната програма во врска со надворешната политика.
„Ова прашање не смее да се избегнува, особено сега со Бајден. Се разбира тука е и ЕУ која чека Косово да формира нови институции со цел да го продолжи дијалогот и да види кој е нивниот план, каква е позицијата на Косово, како ќе се реши проблемот“, смета Емини.
Борел - Решението за Србија и Косово во рамки на ЕУ
„Сега тие само повторуваат дека сакаат признавање, без никакво образложение за тоа како планираат да го постигнат тоа. Не е во опција сојуз на српски општини, не е во опција размена на територии, но не постои план Б што би ни покажал кои други опции ги имаме“, наведува таа.
Видете и ова: Остра реторика меѓу Вучиќ и Харадинај за „Голема Албанија“Косовскиот политиколог Рамуш Тахири изјавува дека ниту една партија во Косово нема стратешки план за надворешната политика, во овој случај за дијалогот.
„Политичките партии немаат платформа за дијалог, но ја користат кампањата за да се критикуваат едни со други без да бидат свесни за штетата што им ја нанесуваат на меѓународните односи и како Србија го користи тоа. Она што го забележувам се само помпезни изјави без практичен ефект. Кој и да е на нејзино чело треба да го продолжи процесот и да дејствува одговорно“, вели Тахири.
Наскоро ќе поминат десет години откако Косово и Србија започнаа преговори за нормализирање на односите преку Европската унија. Овој процес започна на техничко ниво на 8 март 2011 година.
Политичките преговори започнаа во октомври 2012 година, а во април следната година беше постигнат првиот договор меѓу тогашните премиери: Ивица Дачиќ и Хашим Тачи. Постигнати се над 20 договори, но многу од нив не се спроведуваат.